Институтот за семејни студии на Филозофскиот факултет на УКИМ денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на семејството 15 Мај кој е прогласен од Обединетите нации во 1993 година.
-
Македонија 15.05.2024 08:52
-
Македонија 15.05.2024 08:47
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 15.05.2024 08:41
Седница на Уставен суд
Оспорените одредби на Законот за платите на судиите и на Законот за платите на членовите на Судскиот совет за намалување на коефициентот за утврдување на платите на судиите кои Собранието ги донесе на 29 февруари годинава се меѓу предметите за расправа на денешната седница на Уставниот суд.
-
Македонија 15.05.2024 08:37
Почнува самитот „Македонија 2025“
Стратешко лидерство во ера на брзи промени и иновации, дигитална трансформација и поголема регионална соработка за создавање просперитетни економии, се темите во фокусот на годинашниот самит „Македонија 2025“, што се одржува денеска и утре во Скопје.
-
Македонија 15.05.2024 08:21
Облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни и поројни
Времето денска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни и поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
-
Македонија 14.05.2024 19:21
Обвинителство: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со инспектори и увидна екипа на МВР и тим од обдуценти од Институтот за судска медицина, извршија увид на лице место во семејна куќа во селото Стајковци каде попладнево едно лице ги лишило од живот сопствениот брат и сопругата на дру
-
Македонија 14.05.2024 18:15
Двојно убиство во скопско Стајковци, осомничениот е хоспитализиран
Двојно убиство се случило денеска во скопското село Стајковци, а осомничениот извршител со повреди е хоспитализиран, потврди Министерството за внатрешни работи.
Едно лице загинало на лице место, додека другото им подлегнало на повредите и починало во болница.
-
Македонија 14.05.2024 17:53
Разрешен медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија
Медицинскиот директор на Универзитетската клиника за токсикологија во Скопје, Данил Петровски е разрешен од вршител на должност директор поради неправилности во работата, велат од Министерството за здравство.
Тој и по разрешувањето ќе продолжи да работи на клиниката.
-
Македонија 14.05.2024 16:30
Двојно убиство во Стајковци
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци.
Неофицијално повозрасен маж ги убил братот и снаата, по што самиот се избодел. Во моментов е хоспитализиран во болницата „Свети Наум Охридски“.
Се очекуваат официјални информации од МВР.
-
Македонија 14.05.2024 16:23
Наскоро нов забавен парк во Скопје
Се поставува рингишпил во тревникот кај спортскиот центар „Борис Трајковски“. МТВ најпрво стапи во контакт со Општина Карпош на чија територија е сместен рингишпилот. Од таму велат дека немаат никаква надлежност, оти местото било купено од приватен инвеститор.










