Наскоро нов забавен парк во Скопје
На тревникот кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“ се поставува рингишпил. Скопјани сакаат забавни содржини, но се плашат за безбедноста на најмладите и прашуваат кој ќе биде одговорен. МТВ побара одговори и од сопственикот на парцелата, но и од Град Скопје, Општина Карпош и МВР. Пред една недела неколку деца беа повредени по уривањето на рингишпил во Куршумлија во Србија …

Се поставува рингишпил во тревникот кај спортскиот центар „Борис Трајковски“. МТВ најпрво стапи во контакт со Општина Карпош на чија територија е сместен рингишпилот. Од таму велат дека немаат никаква надлежност, оти местото било купено од приватен инвеститор. Градот Скопје го даде истиот одговор.
„Просторот е површина во приватна сопственост. За истата одговорност имаат сопственикот на имотот и сопственикот на претпријатието кои ги поставуваат реквизитите“, велат од Град Скопје.
МТВ отиде на местото каде се поставува забавниот парк. Стапи во контакт со сопственикот на просторот. Тој вели дека рингишпилот со работа ќе почне на 17 мај и во Скопје ќе биде 30 дена, до 17 јуни.
Адреналински атракции
Сопственикот на сакаше да даде изјава во камера, но до дозволи да го снимаме просторот.
Скопје ќе добие нов забавен парк со адреналински атракции. Лично сопственикот ја гарантирал безбедноста на граѓаните.
Сопственикот Никола Митевски не покани на отворање в петок, кога како што кажа и официјално ќе даде изјава за содржините.
Загриженост за безбедноста
Скопјани сакаат забавни содржини, но како што велат, по минатонеделниот настан во Куршумлија, Србија, кога се откачи вртелешка каде имаше повредени, стравуваат за безбедноста на посетителите.
Од полицијата, пак, за МТВ велат дека биле информирани за рингишпилот, но тие биле задолжени само за регулирање на сообраќајот.
Инаку, Луна-паркот во Скопје со години не функционира и во градскиот парк местото е обраснато со трева.
Борис Грујоски
