Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) информира дека од четврток ќе бидат пуштени дополнителни линии поради Меѓународниот саем на книгата што ќе се одржува во спортскиот центар „Борис Траковски“.
-
Македонија 16.04.2024 11:00
-
Македонија 16.04.2024 10:04
Продолжува генералниот штраjк на приватните специјализанти
Приватните специјализанти и денеска продолжуваат со генералниот штрајк. Незадоволни се од платите и бараат регулирање на работниот однос. За денеска е најавена владина седница на која ќе се разгледуваат нивните барања, по што се очекува да бидат донесени заклучоци.
-
Македонија 16.04.2024 10:00
Казнети 220 возачи за брзо возење на територијата на цела држава
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 220 возачи, информираат од МВР.
-
Македонија 16.04.2024 09:32
ЦУК: 23 пожари на отворено, два сè уште се активни
Изминатото деноноќие евидентирани се 23 пожари на отворен простор, од кои два сè уште се активни, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
-
Македонија 16.04.2024 09:28
Сообраќајот по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 16.04.2024 09:22
Најстудено во Берово, најтопло во Скопје и Тетово
Со измерени седум степени најстудено утрово е во Берово, додека со 15 степени Целзиусови најтопло е во Скопје-Зајчев Рид и во Тетово.
-
Македонија 16.04.2024 09:08
МВР: 188 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, информираат од МВР.
-
Македонија 16.04.2024 09:06
Пожарот кај тетовско село Селце сè уште е активен
Пожарот кај тетовско село Селце сè уште е активен. И денеска на терен се противпожарните екипи од Тетово, ренџерите од Националниот парк Шар планина, а вклучени се и хеликоптери од Министерството за внатрешни работи.
-
Македонија 16.04.2024 08:43
Продолжува изборната кампања за претседателските избори
Продолжува изборната кампања за претседателските избори, кандидатите и денеска со митинзи, дебати и средби со граѓани. Кандидатката од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова ќе ја претстави изборната програма пред жителите на Дојран, Валандово и Гевгелија.
-
Македонија 16.04.2024 08:15
Променливо облачно со сончеви периоди
Претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец.










