Кандидатот за претседател од коалицијата „Храбро за Македонија“, Стевче Јакимовски, вели дека со неговото долгогодишното искуство во работата на локалната самоуправа, точно знае да ги лоцира проблемите и пречките за обезбедување квалитетен живот на граѓаните.
-
Македонија 15.04.2024 14:39
-
Македонија 15.04.2024 14:28
Таравари ја претстави својата програма пред велешани
Претседателскиот кандидат од коалицијата „ВРЕДИ“, Арбен Таравари ја почна турнејата низ источна Македонија со посета на Велес. Пред велешани ја претстави својата програма за европска интеграција, правна држава, сигурност и безбедност на државата и консензуална демократија.
-
Македонија 15.04.2024 14:20
Османи: Како претседател ќе ги заокружам најважните интегративни процеси
Како министер за надворешни работи успеав да ги откочам најважните интегративни процеси за државата-да ја внесам земјата во НАТО, да ги отворам преговорите за членство во Европската унија, да го започнам стратешкиот дијалог со Соединетите Американски Држави.
-
Македонија 15.04.2024 13:18
Грејната сезона завршува, доколку паднат температурите системот повторно ќе се вклучи
Грејната сезона завршува денеска, но од Регулаторната комисија за енергетика велат дека на дневно ниво се следат температурите и доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија.
-
Македонија 15.04.2024 13:17
Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра
Во период од јуни 2022 до минатиот месец се дадени незаконски парични средства на над 1.000 граѓани во име на социјална помош. Со ова е оштетен буџетот на Министерството за труд и социјална политика за 155.038.530,00 или над 2.5 милиони евра.
-
Македонија 15.04.2024 12:55
Силјановска-Давкова: Нема да правам поделби и еднакво ќе ги третирам сите граѓани
„Ако бидам избрана за шеф на државата нема да правам поделби и еднакво ќе ги третирам сите граѓани, без разлика на нивното потекло“, вели кандидатката за претседателка Силјановска-Давкова. Таа рече дека редовно ќе дава отчет и повторно ќе ги отвори народните канцеларии.
-
Македонија 15.04.2024 12:54
Пендаровски: Како и досега ќе бидам претседател за сите
„Го решивме спорот со Грција, по 25 години преговори и станавме членка на НАТО. Тоа значи конечна „тапија“ за нашата независност, границите, суверенитетот“, истакна пред кумановци, кандидатот за претседател од СДСМ.
-
Македонија 15.04.2024 12:41
Приведени 17 припадници на затворската полиција
Приведени 17 припадници на затворската полиција, вработени во КПД Идризово. Заработија и кривична пријава. Изведени се пред судија на претходна постапка. Акцијата за нивно приведување полицијата и обвинителството ја реализирале утрово, а е резултат по повеќемесечна криминалистичка истрага.
-
Македонија 15.04.2024 12:24
Штрајк на приватните специјализанти, нема да работат сè додека не се исполнат нивните барања
Приватните специјализанти стапија во штрајк, нема да работат сè додека не се исполнат нивните барања за зголемување на паричниот надоместок и решавање на нивниот статус.
-
Македонија 15.04.2024 12:11
Уапсени 17 припадници на затворска полиција во Идризово
Во полициска акција утринава се уапсени 17 припадници на затворската полиција во затворот „Идризово“.
„Уапсени се 17 припадници на затворската полиција и веќе се изнесени пред судија на претходна постапка“, информираат од Обвинителството.










