Пред Денот на здравјето седми април. Докторската фела се собра, со загриженост за состојбите во македонското здравство на кое рак-рана му е и одливот на кадар. Известува Наташа Јанчиќ-Менковски.
-
Македонија 05.04.2024 13:22
-
Македонија 05.04.2024 13:04
МНР: Повредените македонски туристи во сообраќајната несреќа во Италија се во добра состојба
Сите патници се во добра здравствена состојба и се на домашно лекување, освен еден патник кој е во потешка здравствена состојба е последната информација од МНР, за сообраќајката во Италија.
-
Македонија 05.04.2024 12:49
Синдикатите со поплаки, има притисок врз работници за присуство на митинзи
Од Конфедерацијата на синдикалните организации велат дека сега во предизборната кампања до нив стигнуваат поплаки од работници за притисок да одат на митинзи. Апелираат да не се врши притисок на работниците.
-
Македонија 05.04.2024 12:18
СОНК: По изборите да се зголемат платите во образованието
Прво и основно барање на СОНК по формирањето на новата влада ќе биде продолжување на преговорите за усогласување на платите согласно последното зголемување на минималната плата во основното и средното образование.
-
Македонија 05.04.2024 11:58
Поради сообраќајна незгода, во прекин патот Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“
Од 11:00 ч. сообраќајот е во прекин на маг. пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, информира АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.
-
Македонија 05.04.2024 11:21
Понеделник 8-ми април, неработен ден за припадниците на ромската заедница
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр. 21/98 и 18/07), 8 април 2024 година (понеделник), Меѓународниот ден на Ромите е неработен ден за припадниците на ромската заедница во Република Северна Македонија.
-
Македонија 05.04.2024 10:32
Приведени крадци во Прилеп, одземеното ќе биде вратено на сопственикот
Синоќа во 02.30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Е.Б.(34) и О.М.(29), двајцата од Прилеп. Тие биле фатени при извршување на „тешка кражба“ во куќа во Прилеп, при што кај нив биле пронајдени украдените предмети и ќе бидат вратени на сопственикот.
-
Македонија 05.04.2024 10:14
МВР: 190 санкции за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 190 возачи.
-
Македонија 05.04.2024 10:00
ЦУК: Во изминатото деноноќие имало 21 пожар на отворено, четири сè уште се активни
Последното деноноќие имало 21 пожар на отворено, утрово четири пожари сè уште се евидентирани како активни, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
-
Македонија 05.04.2024 09:12
МВР: Кривична пријава за несовесно работење во службата
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластување и припадници на затворската полици










