Официјално почна кампањата за претседателските избори, закажани за 24-ти април. Кампањара ќе трае до 22-ри месецов, кога на сила стапува молкот. Во трка за фотелјата во „Вила Водно“ се седуммина.
Известува Анита Димитријевска – Велковска
Официјално почна кампањата за претседателските избори, закажани за 24-ти април. Кампањара ќе трае до 22-ри месецов, кога на сила стапува молкот. Во трка за фотелјата во „Вила Водно“ се седуммина.
Известува Анита Димитријевска – Велковска
Мојата програма се базира на пет стратешки начела и пет приоритети со кои ќе се зафатам во првите 200 дена, рече од Крушево, Максим Димитриевски, кандидатот за претседател на движењето ЗНАМ.
Македонија повторно горда! Со овој слоган, кандидатката за шеф на државата Гордана Силјановска-Давкова ја бара поддршката од граѓаните. Ветува фер и демократска кампања, со почит кон противкандидатите.
Денеска директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски оствари работна средба со делегација на романската полиција, предводена од генералниот инспектор Беноне Мариан Матеи и полициското аташе Мариус Иоргулеску.
Северна Македонија повеќе од кога било има потреба да биде водена од луѓе со морален кредибилитет и јасна визија за промена.
Најголемиот проблем е во државата е иселувањето, но сега младите не заминуваат од своите родни огништа поради социјални проблеми, туку поради неправдите во државата, посочи Јакимовски пред граѓаните.
Со надеж дека ќе заврши како претседател на земја – членка на ЕУ, претседателскиот кандидат на ДУИ, Бујар Османи ја стартуваше изборната кампања. Според него државата се наоѓа пред крстопат-европска иднина или изолација.
За грабнувањето на Самоил Костадиновски, Виктор Милановски доби 5 години и десет месеци казна затвор, додека за помагање Саша Челичиќ, доби две години и три месеци затвор. До правосилноста на пресудата Виктор останува во затворски притвор, Саша ќе се брани од слобода.
Актуелниот шеф на државата и претендент за втор мандат во Вила Водно, Стево Пендаровски уверен дека ќе ја однесе победата во вториот изборен круг. Според него, гласовите на 24-ти април ќе бидат поделени меѓу седумтемина кандидати за претседател на државата.
Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева денеска беше во посета на Општата болница во Куманово каде што во изминатите неколку години реализирани се бројни активности за унапредување на квалитетот на работа на установата преку инвестирање во трите столбови – инфраструктура, медицинска о