Претседателот на техничката влада на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска ќе ја посети Општина Боговиње. Премиерот Џафери ќе присуствува на увид во градежни активности на канализациска мрежа во Боговиње.
-
Македонија 18.03.2024 08:02
-
Македонија 17.03.2024 21:43
Дел од Карпош утре без вода
Поради отстранување дефект на приклучна водоводна цевка на улицата Софиска број 19, прекинато водоснабдување утре ќе имаат корисниците од оваа улица во општина Карпош, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
-
Македонија 17.03.2024 21:34
Тошковски во посета на полициските станици за граничен надзор Рогачево и Мадрача
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во серијата посети на полициски станици за граничен надзор, денес ги посети полициските станици за граничен надзор Рогачево и Мадрача кои покриваат дел од граничната линија на север кон соседно Косово.
-
Македонија 17.03.2024 20:50
Без струја утре делови од Ѓорче Петров и Центар
Без струја утре ќе бидат делови од општините Ѓорче Петров и Центар, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
-
Македонија 17.03.2024 20:09
Двочасовен протест утре во националната Пошта
Синдикалните организации на Македонска Пошта најавија дека утре од 08:00 до 10:00 ќе одржат протест пред Дирекцијата и во сите подружници на националната Пошта, преку кој ќе побараат исплата на платата за минатиот месец и решение за состојбата во поштенското претпријатие.
-
Македонија 17.03.2024 19:48
Граѓаните не им простуваат на политичарите
Во време кога народот е разединет, раскаран, православниот христијански празник Прочка, го потсетува дека треба да простува. Простувањето е почеток на прочистувањето на духот и телото преку Велигденскиот пост кој почнува утре.
-
Македонија 17.03.2024 17:40
Со автомобил удрил во три паркирани возила, тешко повредил и пешак
Денеска (17.03.2024) во 00.05 часот било пријавено дека во Штип на ул. „Борис Кидрич“ патничко возило „доџ“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.О.(23) од с.
-
Македонија 17.03.2024 17:17
Празник за простување и очистување од гревовите
Православните христијани ја слават Прочка – симболот на простувањето, но и репер за преминот од зима во пролет. Во храмовите литургии. Дали граѓаните ќе смогнат сили да си простат во поделеното македонско општество? Известува Александра Велинова.
-
Македонија 17.03.2024 17:11
Блеф или понуда за политички профит?
Многу дилеми откако ДУИ ја фрли ракавицата, тој што ќе ги изгуби парламентарните избори да се повлече од политиката. Подигнување на влоговите или политички блеф за проектирање увереност во победата пред нивното гласачко тело?
-
Македонија 17.03.2024 15:51
Откриен еден од подметнувачите на пожар во кафе бар во Охрид, поведена истрага
Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишник од Скопје, бидејќи постои основано сомневање дека тој сторил кривично дело – Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик.










