Поради случена сообраќајна незгода на патниот правец Прилеп – Битола сообраќајот помеѓу Прилеп и Лагово се одвива по стариот пат. Екипите на ЈП Македонијапат се на лице место и работат на расчистување и нормализација на сообраќајот, информира АМСМ.
-
Македонија 19.03.2024 09:08
-
Македонија 19.03.2024 08:24
Заврши увидот во избирачкиот список
Истече рокот за увид во избирачкиот список за претстојните претседателските и парламентарните избори. За дијаспората увидот во избирачкиот список се продолжува до денеска на полноќ, поради техничките проблеми со интернет страницата на ДИК.
-
Македонија 19.03.2024 08:15
До полноќ поднесување кандидатури за претседател
Четворица од седуммина кандидати кои собраа потписи од граѓаните поднеле кандидатури за претседател до Државната изборна комисија.
-
Македонија 19.03.2024 08:05
Облачно со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали.
-
Македонија 18.03.2024 21:11
Реакција на Јакимовски откако го ставија на „црната листа“ на САД
Претседателскиот кандидат на ГРОМ Стевчо Јакимовски е изненаден од одлуката на САД да биде ставен на „црната листа“ и најави дека ќе поднесе кривична пријава против н.н. сторител.
Јакимовски, како што изјави вечерва, нема да се повлече од изборната трка.
-
Македонија 18.03.2024 18:04
Политички препукувања за претседателските избори
Кој кого напаѓа и клевети во албанскиот политички кампус низа обвинувања едни кон други. Демократската унија за интеграција е загрижена поради обвинувањата и навредите што опозицијата ги упатува кон кандидатот за претседател, Бујар Османи, како и кон премиерот Талат Џафери.
-
Македонија 18.03.2024 17:11
Јанева и Јакимовски на „црната листа“ на САД
Американскиот Стејт департмент објави дека на „црната листа“ на САД се ставени поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и актуелниот градоначалник на Карпош Стевче Јакимовски.
-
Македонија 18.03.2024 17:01
Имунизација против голема кашлица
Вакцините против голема кашлица наменети за возрасната популација се препорачани само жените во третиот триместар од бременоста. Сепак, лекарите укажуваат дека има многу возрасни пациенти кои заболеле од голема кашлица, со компликации.
-
Македонија 18.03.2024 16:08
Продолжен рокот за пријавување на гласачите во дијаспората
Поради технички проблеми со веб-страницата се продолжува рокот за пријавување на гласачите во дијаспората, информираат од Државната изборна комисија. Гласачите во земјава увид во избирачкиот список можат да направат најдоцна до полноќ.
-
Македонија 18.03.2024 15:46
Грковска: Функционерите да го почитуваат етичкиот кодекс
Нема докази дека функционери со службени возила оделе за да се потпишат за претседателска кандидатура. Вицепремиерката за добро владеење Грковска тврди – ако добие доволно аргументи дека е прекршен етичкиот кодекс ќе постапи соодветно без разлика за кој функционер станува збор.










