Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 4 до 1, а максималните ќе достигнат од 14 до 20 степени
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 4 до 1, а максималните ќе достигнат од 14 до 20 степени
Денеска во Собранието ќе заседаваат пет комисии – Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија.
Во последното деноноќие во полициските станици низ земјава се евидентирани вкупно 14 пријави за семејно насилство, а четири лица се лишени од слобода во Скопје, Кавадарци и во гостиварскиот регион.
Владата донела одлука за одземање на уште шест лиценци за одгледување на канабис.
Станува збор за законски пропусти при извршена проверка од комисијата којашто е надлежна да ги провери сите услови што треба да ги поседуваат фирмите.
Претходно, беа одземени уште шест лиценци.
Заменик претседателот на Владата Александар Николоски, денеска во Вашингтон САД, оствари работна средба со Чарлс Кормиер, регионален директор за инфраструктура во Светска банка.
Царинската управа и Управниот суд денес потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува дигитално поврзување меѓу двете институции и електронска размена на документи во рамки на управните спорови.
Образложувајќи го Предлог-законот пред пратениците, министерот за правда, Игоир Филков истакна дека со новото законско решение се врши сеопфатна модернизација на организацијата, надлежностите и функционирањето на јавнообвинителскиот систем, со цел поефикасна борба против криминалот и корупцијата
52% од спортистките претрпеле вознемирување или насилство од навивачите или јавноста. Во 40% од случаите потекнувало од соиграч или друг клубски член или 36% од тренер.
11-ти март 1943-та година, депортација на македонските Евреи во логорот на смртта „Треблинка“. Рашел Шели е внуката на д-р Хаим Абраванел кој го преживеал холокаустот, која живее во Израел. Изрази жалење што моменталната состојба во земјата ја спречи денеска да биде во Битола.
Со Законот за јавно обвинителство се создава модерен обвинителски систем, посочи пред пратениците министерот за правда, Игор Филков.