Куче од расата Кангал му го распара лицето на четиригодишно девојче. Животозагрозувачки напади врз луѓе од страна на кучиња скитници не се првпат. Поради тоа, маса народ се собра пред општинската зграда во Битола.
-
Македонија 09.03.2026 17:19
-
Македонија 09.03.2026 17:04
Предлог-законот за Јавно обвинителство оди на јавна расправа
Преку јавна расправа за Предлог-законот за Јавно обвинителство ќе се лекува рак-раната на општеството – правосудниот систем, посочи претседателот на Комисијата за политички систем и односи со заедниците, Љупчо Пренџов. Одлуката е поддржана од сите членови на Комисијата.
-
Македонија 09.03.2026 16:52
Менкиноски ќе бара правда во Стразбур
Уште една тужба против Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Овојпат за 10-годишната забрана за влез на адвокатот Тони Менкиноски кој ги застапува Македонците кои живеат во источниот сосед.
-
Македонија 09.03.2026 16:36
Ново рочиште за кобниот пожар во „Пулс“
Прскалките кои кобната вечер биле активирани во „Пулс“ најверојатно биле купени на Бит Пазар. Ова го тврди сопственик на продавница за опрема за сценски настапи кој пред 3 години им продал прскалки на Панчо и Буцо од ДНК.
-
Македонија 09.03.2026 16:08
Сите македонски државјани од Блискиот Исток ќе бидат евакуирани до средината на неделава
Над 500 граѓани побарале да бидат извлечени од ризичните земји на Блискиот Исток. Најголем дел од нив 430 побарале евакуација од емиратите. Министерот за надворешни Муцунски уверува дека процесот е во крајна фаза и дека до крајот на неделата нашинците ќе се вратат дома.
-
Македонија 09.03.2026 15:52
Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
На 08.03.2026 во Гостивар, полициски службеници од НККР Гостивар го лишија од слобода Б.Х. од Гостивар, затоа што кај него била пронајдена марихуана. Подоцна, околу 23:00 часот, по добиена судска наредба, полициски службеници извршија претрес во домот и помошните простории на Ј.К.
-
Македонија 09.03.2026 13:56
Третман на повредените од пожарот во „Пулс“
Една година по трагедијата во „Пулс“ од кочанската болница велат сè уште има пациенти на кои им е потребно лекување. Директорката на болницата, Паниќ-Мирчовска уверува дека повредените од трагедијата се лекуваат согласно препораките на специјалистите, вклучително и во хипербаричната капсула.
-
Македонија 09.03.2026 13:54
Герасимовски – Варнс: Со САД како партнер, чекор поблиску до нови можности и развој на Општина Центар
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска одржа средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнс.
-
Македонија 09.03.2026 13:35
Законот за Јавно обвинителство на јавна расправа
Новиот Предлог – закон за Јавното обвинителство е во Собрание. Реформското решение е пуштено во редовна постапка, со јавна дебата. Очекувањата се да овозможи, јакнење на Јавното обвинителство, напредок во службата по јасни правила и критериуми, со повисоки стандарди за интегритет и етика.
-
Македонија 09.03.2026 13:21
Евакуација на нашинците од Блискиот Исток
По успешната евакуација на 151 нашинец од Дубаи, неделава се очекува извлекување и на преостанатите кои побараа помош да го напуштат Блискиот Исток.










