Заев ја заглави државата во енергетска, здравствена и економска криза. Народот на изборите јасно се изјасни за промени и избра нов правец, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата уште еднаш побараа брзи предвремени избори и нова влада.
-
Македонија 04.11.2021 15:02
-
Македонија 04.11.2021 14:26
„Отворен Балкан“: Формирање Совет за имплементација за координирање на досега договореното
Формирање на Совет за имплементација, чија задача е да се координира договорот во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“. Србија, Македонија и Албанија не се откажуваат од соработката, но Вучиќ, Димитров и Рама согласни дека постигнатото на политичко ниво, не секогаш се спроведувало во пракса.
-
Македонија 04.11.2021 13:52
Зголемен бројот на хоспитализирани ковид-пациенти во Битола
И во овој бран се повторува непишаното правило Битола пикот да го доживува меѓу последните општини. Од пред десетина дена, веќе сме во алармна фаза. Секојдневно се зголемува бројот на пациенти коишто се ковид позитивни и се хоспитализираат, велат инфектолозите.
-
Македонија 04.11.2021 13:43
Од 1.323 тестирани, само шест ученици позитивни на Ковид-19
Само шест ученици позитивни на Ковид- 19 од 1.323 тестирани ученици во средните и основните училишта. Ова е првиот пресек oд скринингот, информираат од Министерството за здравство.
-
Македонија 04.11.2021 13:25
Општинските јавни претпријатија неефикасни во управувањето со отпадот
Заштитата и унапредувањето на животната средина со години наоѓа простор во програмите на политичките партии и на извршната власт, но сепак постои пречка во реализацијата на зацртаните планови и ветувањата за чист воздух и незагадена почва и води.
-
Македонија 04.11.2021 13:01
Состанок на министрите за одбрана на земјите од ЈИЕ
Министрите за одбрана од регионот на состанокот на СЕДМ процесот во Скопје расправаа како да се надминат актуелните предизвици, зајакнување на регионалната безбедност и стабилност, заемното разбирање, воено-политичката соработка, давање поддршка за интеграцијата во Европската унија на земјите од
-
Македонија 04.11.2021 12:52
Од денеска пријавување за вакцинација против сезонски грип
Започна пријавување за вакцинација од сезонски грип. Граѓаните можат да се пријават преку страницата „вакцинација.мк“.
-
Македонија 04.11.2021 12:44
Средба Пендаровски- Мичел
Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими амбасадорот Дерек Мичел, претседател на Националниот демократски институт (НДИ), регионалниот директор за Европа, Роберт Бенџамин и регионалниот директор на НДИ за Азија, Манприт Ананд, како и претставници на институтот од Северна Македонија.
-
Македонија 04.11.2021 12:31
Ревакцинирани 46% од полнолетните граѓани во државата
Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.838 дози вакцини, од кои 758 се аплицирани како прва доза, 787 се ревакцинирани, а 2.293 граѓани примиле трета доза вакцина, информираат од Министерството за здравство.
-
Македонија 04.11.2021 12:19
ВМРО-ДПМНЕ: Уредбата за прогласување на енергетската криза е потврда и криење на колапсот на ЕЛЕМ и МЕПСО
Поради штетните владини политики, долго време се укажуваше дека Република Македонија е на прагот на електроенергетска кризна состојба, но актуелната власт сето ова го прикриваше со единствена цел да не си го загрози и онака нарушениот рејтинг во изборниот процес, велат од ВМРО-ДПМНЕ.








