Последните врнежи ги пролонгираа жетвените активности на оризовите полиња во кочанско, околу половина од површините не се ожнеани, комбајните тешко работат, а заради обилните врнежи, квалитетот на собраниот род е далеку под просекот, велат оризопроизводителите.
-
Македонија 03.11.2021 12:16
-
Македонија 03.11.2021 11:46
Недостаток на педијатри во Охрид, децата ќе се праќаат во Струга
Струшката болница има капацитет да ги лекува и згрижува децата од Охрид. Поради недостаток на педијатри во Охрид, децата после 20 часот медицинска помош ќе бараат во Струга. Таму има шест специјалисти педијатри.
-
Македонија 03.11.2021 11:23
Поднесени 23 приговори до ДИК
До државната изборна комисија заклучно со вчерашниот ден поднесени се вкупно 23 приговори за постапката за гласање и постапката за сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг од локалните избори 2021.
-
Македонија 03.11.2021 11:14
Приведени две лица, запленети оружје и муниција во скопска Топаана
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во соодејство со Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје вчера ги лиши од слобода А.Ј.(46) и С.Ј.(73), двајцата од Скопје, поради постоење о
-
Македонија 03.11.2021 10:12
МВР: 144 санкционирани возачи во Скопје, 42 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-
Македонија 03.11.2021 09:57
Нема одолговлекување на оставката до декември, велат од кабинетот на Заев
Нема менување на ставот и одоговлекување на оставката до декември, велат од кабинетот на премиерот Заев, со став дека таа е јасен чин на преземање одговорност по изборите.
-
Македонија 03.11.2021 09:54
Расте бројот на заболени со Ковид-19
Откако неколку дена се бележеше тенденција на опаѓање, вчера беше забележан повторно раст на заболени од Ковид-19. Беа регистрирани нови 593 случаи, од вкупно 3.391 тестирања, при што повторно најмногу новозаболени има во Скопје.
-
Македонија 03.11.2021 09:36
Земјоделците може да ги брендираат своите производи
Објавен е повик за техничка поддршка за брендирање на производство, преработка или трговија на ист земјоделски или прехранбен производ. Корисници на техничката поддршка се земјоделци или група на оператори со храна.
-
Македонија 03.11.2021 09:11
Димитров на состанок за иницијативата „Отворен Балкан“ во Белград
Поттикнувањето на регионалната соработка преку иницијативата „Отворен Балкан“ продолжува на работен состанок денеска и утре во Белград, на којшто ќе учествува вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.
-
Македонија 03.11.2021 09:04
Сончево и топло до 21 степен
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и потопло. Наутро по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен, а на места долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.










