Црвениот крст на Република Северна Македонија длабоко сочувствува со семејствата на загинатите и повредените граѓани во трагичниот пожар во ковид центарот во Тетово.
-
Македонија 09.09.2021 11:13
-
Македонија 09.09.2021 11:03
Прогласена тридневна жалост во Тетово
Советот на општина Тетово на денешната итна седница донесе одлука за прогласување тридневна жалост за жртвите од синоќешната трагедија, во која животот го загубија 14 лица.
-
Македонија 09.09.2021 10:49
ВМРО-ДПМНЕ изрази сочувство до семејствата на жртвите, бара одговорност
ВМРО-ДПМНЕ изразува големо жалење во врска со огромната трагедија и загубата на животи на наши сограѓани во текот на пожарот во модуларната болница во Тетово, соопштуваат од партијата.
-
Македонија 09.09.2021 10:38
Откажани повеќе настани поради трагичниот настан во Тетово
Претседателот Стево Пендаровски ги откажа најавените настани по повод 8 Септември, Денот на независноста, поради пожарот што настана синоќа во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица, информираат од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија.
-
Македонија 09.09.2021 10:33
Сочувство од Европската Унија за жртвите во Тетово
ЕУ испраќа најдлабоко сочувство до семејствата и пријателите на жртвите на овој трагичен пожар во модуларната болница во Тетово специјализирана во третманот на пациентите болни од Ковид.
-
Македонија 09.09.2021 10:09
Во пожарот во ковид- центарот загинаа 14 лица, 12 се на лекување во тетовската болница
Во вчерашната несреќа во ковид- центарот во Тетово загинаа вкупно 14 лица, информираат од Министерството за здравство. Во ковид- центарот за време на пожарот имало вкупно 26 пациенти, останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност.
-
Македонија 09.09.2021 09:21
На полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список
До полноќ граѓаните можат да извршат увид во Избирачкиот список и да достават барања за дополнување, бришење или бришење на нивните податоци до Државната изборна комисија. Рокот за поднесување кандидатури за локалните избори на 17 октомври истекува во сабота на 11 септември.
-
Македонија 09.09.2021 08:52
14 починати во пожарот во модуларната болница во Тетово, увидот продолжува
Издадена е наредба за обдукција и идентификување на телата на 14 лица починати во пожарот кој ја пеплоса модуларната болница во Тетово, информираат утрово од Јавното обвинителство. Се испитува дали има и други починати лица.
-
Македонија 09.09.2021 08:32
Вонредна седница во Владата за пожарот во Тетово
За 10 часот е закажана итна и вонредна седница на Владата за пожарот во кој синоќа целосно изгоре ковид центарот во Тетово. Од Владата информираа дека во тек е детална истрага за пожарот.
-
Македонија 08.09.2021 22:36
Изгаснат е пожарот во модуларната болница во Тетово, има повеќе повредени и починати лица
Изгаснат е пожарот што избувна вечерва во модуларната болница во Тетово. Министерот за здравство Венко Филипче, кој итно се упати во Тетово, на Твитер соопшти дека има повредени и починати лица.









