Минстерство за здравство

Во пожарот во ковид- центарот загинаа 14 лица, 12 се на лекување во тетовската болница

09.09.2021 10:09

Во ковид- центарот за време на пожарот имало вкупно 26 пациенти, останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност. Нема настрадани здравствени лица, неколкумина се со полесни повреди, информираат од Министерството за здравство...

Во вчерашната несреќа во ковид- центарот во Тетово загинаа вкупно 14 лица, информираат од Министерството за здравство. Во ковид- центарот за време на пожарот имало вкупно 26 пациенти, останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност. Нема настрадани здравствени лица, неколкумина се со полесни повреди.

Министерството за здравство изразува сочувство до семесјтвата на загинатите и длабоко жалење за страотната несреќа.

Министерството во текот на денот постојано ќе информира за сите нови детали околу случајот, апелираме до медиумите и граѓаните да ги следат официјалните информации и да се воздржат од шпекулации за овој немил настан- велат од ресорот здравство.