Дали ќе има заострување на мерките за заштита од Ковид-19? Комисијата за заразни болести анализира, здравствените власти се очекува во 11 часот да соопштат нови препораки со оглед на влошената епидемиолошка состојба и зголемениот број на заразени.
-
Македонија 17.03.2021 09:53
-
Македонија 16.03.2021 16:32
Нови 999 случаи со Ковид-19, починати 24 лица
Во последните 24 часа се направени 3.627 тестирања, а регистрирани се 999 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 539, Прилеп и Битола - по 44, Куманово – 41, Охрид – 38, Кавадарци – 34, Велес – 25, Гевгелија – 23, Тетово – 22, Неготино – 21, Кочани – 20, Крива Паланка – 19, Гостивар – 16, Штип – 15
-
Македонија 16.03.2021 15:56
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација за Филипче
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ќе поднесе предлог за интерпелација на министерот за здравство, Венко Филипче. Велат дека поважни му биле провизиите за вакцини, од животот на граѓаните.
-
Македонија 16.03.2021 15:49
Прилеп: Кризниот штаб бара полициски час од 19 часот
Заострување на мерките, полициски час уште од 19 часот, на територијата на државата, од утре скратен и редуциран јавен превоз и голема совесност и одговорност на граѓаните, бара прилепскиот кризен штаб. Градот цел месец е втор со новозаразени. Ситуацијата е аларманта.
-
Македонија 16.03.2021 15:48
Зголемен бројот на заболени и починати од Ковид-19
Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 8 до 14 март тестирани се вкупно 22.625 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 7,3 отсто во однос на минатата недела.
-
Македонија 16.03.2021 15:17
До 31-ви март клуч на врата на ОУ „Владо Тасевски“ поради Ковид-19
Скопското основно училиште „Владо Тасевски“ денеска остана без детски џагор. Поради зголемениот број на ковид позитивни случаи во училиштето, донесена е одлука до крајот на март сите ученици наставата да ја следат преку интернет.
-
Македонија 16.03.2021 14:56
Детето што загина во пожар било врзано со ланец на нозете
Пламените јазици и чадот утринава одзедоа живот на осумгодишно дете, а неговата мајка се здоби со тешки повреди и заврши во гостиварската болница. Пожарот го проголта целиот стан, каде живеело повеќечлено семејство.
-
Македонија 16.03.2021 14:39
Бугарија дава принципиелна поддршка со услови
Бугарскиот премиер Борисов со принципиелна поддршка за евроинтеграцијата на земјава, но и со барање за исполнување на соодветни услови и целосно спроведување на Договорот за добрососедство.
-
Македонија 16.03.2021 14:12
Расте бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19 во битолската болница
Битолското основно училиште „Коле Канински“ засега најсилно го почувствува третиот ковид бран. Според направениот еппидемиолошки увид на Центарот за јавно здравје, инфициани се 13 лица.
-
Македонија 16.03.2021 13:30
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 1.082 ковид- пациенти
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.082 и има околу 340 празни болнички кревети во ковид центрите, соопштуваат од Министерството за здравство.










