Пролетта како пак да го поттикна вирусот, но и родителите. Трет бран или удар на британскиот сој, наскоро ќе кажат од Комисијата за заразни болести. Од Министерство за труд и социјала, пак велат дека има притисок од родителите за запишување на дете плус во градинка.
-
Македонија 02.03.2021 13:19
-
Македонија 02.03.2021 13:15
Закажани четири пленарни седници во Собранието
Во Собранието по речиси еден месец, денеска треба да се одржат продолженија на 21, 22, 25 и 26 седница. Закажувањето на пленарните седници доаѓа по вчерашната координативната средба на првите луѓе на пратеничките групи и потпретседателите со собранискиот претседател, Талат Џафери.
-
Македонија 02.03.2021 13:08
Мицкоски: Оваа влада не е способна да организира попис
Оваа влада не е способна да организира сложена статистичка операција, попис, напиша лидерот на ВМРО-ДПМЕ Мицкоски на Фејсбук.
-
Македонија 02.03.2021 12:46
Велес: Несовесни граѓани создаваат диви депонии со отпад
Дел од граѓаните на Велес покажуваат ниска еколошка свест и отпадот го оставаат на јавните површини. Така на приодите во градот има диви депонии со смет, грда слика за лошите навики. Локалната власт ги чисти, а неодговорни граѓани ги создаваат. Купиштата смет ги има на повеќе локации.
-
Македонија 02.03.2021 12:22
Заев: Пописот на дијаспората не може да биде нарушен со попишување на лица од земјава
Не е возможна злоупотреба на системот за електронско попишување на нашинците од дијаспората затоа што државата има механизам преку осум бази на податоци да провери дали информациите во пријавата се вистинити, вели премиерот Заев.
-
Македонија 02.03.2021 11:54
Затворен угостителски објект во тетовско, приведен сопственикот и шест странски државјанки
Вчера во 21.10 часот, полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект во с.Желино, тетовско, сопственост на З.С.(48) од с.Желино.
-
Македонија 02.03.2021 11:09
ДЗС: Пристап до апликацијата за попис само со ИП адреса од странство
До апликацијата за попишување наменета за дијаспората, може да се пристапи само со ИП адреса од странство, а секое нарушување на процесот на прибирање на податоци е казниво со Законот за попис, наедуваат од Државниот завод за статистика.
-
Македонија 02.03.2021 10:50
Одложено рочиштето за „Организаторите на 27 април”
Судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието што требаше да се одржи денеска е одложено за 5 март, информираат од Основниот кривичен суд во Скопје.
-
Македонија 02.03.2021 10:19
Владата ќе ја одржи редовната 50-та седница
Владата денеска ќе ја одржи редовната 50-та седница со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
-
Македонија 02.03.2021 10:12
Казни за 422 граѓани за неносење заштитна маска
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 422 прекршоци, соопштуваат од МВР.










