Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 761 тестирања, а регистрирани се 106 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-72, Куманово-4, Штип-2, Прилеп-5, Тетово-3, Битола-1, Кавадарци-4, Гостивар-6, Струмица-5, Радовиш-1, Кочани-1, Берово-1, Ресен-1.
-
Македонија 04.01.2021 20:04
-
Македонија 04.01.2021 15:40
Увид за причините за пожарот во „Глобал“
Јавното овинителство заедно со увидните екипи од утрово се на терен, влегоа во опожарениот објект со цел да се наприви првичен увид кои се причините и како настанал пожарот во „Глобал“.
-
Македонија 04.01.2021 15:00
Царовска: Ниту еден наставник нема да остане без работа
Ниту еден наставник нема да остане без работа. За разлика од претходните концепти коишто се менуваа радикално и внесуваа промена во сите девет одделенија наеднаш, сега ќе одиме полека и етапно за да загарантираме квалитет - рече министерката за образование и наука, Царовска.
-
Македонија 04.01.2021 14:55
Тутунарите повторно на протест пред Владата
Незадоволни од ниската откупна цена и лошата проценка, тутунарите пред владата го запалија родот. Велат дека премиерот и ресорниот министер не ги исполниле ветувањата. Побараа линеарно зголемување на субвенцијата за тутун и 100 денари по килограм предаден тутун за сите четири класи.
-
Македонија 04.01.2021 14:50
Заев: Останува посветеноста за дијалог и градење добрососедски и пријателски односи
На маса македонските позиции за излез од ќорсокакот, преку спроведување на Договорот за добрососедство, но без да се задира во идентитетот и јазикот. Премиерот за новогодишните празници контактирал со премиери од земјите- членки на Европската унија, меѓу кои и со бугарскиот колега Борисов.
-
Македонија 04.01.2021 14:02
Во ковид- центрите низ земјава хоспитализирани 911 пациенти
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 536 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот.
-
Македонија 04.01.2021 13:08
Османи ја лансираше иницијативата „Преспа Форум за дијалог“
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешната прес конференција ја претстави иницијативата „Преспа Форум за дијалог“ – платформа наменета да ги заштити, да ги промовира и да ги канализира придобивките и значењето на трите политички договори: Охридскиот рамковен договор, Договорот за
-
Македонија 04.01.2021 12:50
Почна увидот за причините за пожарот во струмички „Глобал“
Започна истрагата за причините за пожарот во трговскиот центар „Глобал“. Јавниот обвинител заедно со увидите екипи влегоа во опожарениот објект.
Утрово пожарникарски сирени повторно ги вознемирија струмичани, денес во старата памучна, се запалил оџак на еден деловните објекти.
-
Македонија 04.01.2021 12:08
Царовска на состанок со директорите на училиштата: Првото полугодие заврши успешно
Министерката за образование и наука Мила Царовска денес одржа онлајн состанок со директорите на основните и средните училишта од целата држава во врска со спроведувањето на наставата во првото полугодие од учебната 2020/2021 година.
-
Македонија 04.01.2021 11:03
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 22 пациенти, вкупно се лекуваaт 375
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 22 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 375 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.








