Над 60 проценти од здравствените работници во земјава би ја примиле вакцината против Ковид-19, покажало истражувањето. Ова се охрабрувачки резултати, вели министерот Филипче за Македонската телевизија.
-
Македонија 06.01.2021 16:08
-
Македонија 06.01.2021 15:56
Во Охрид не се одржа традиционалната Бадникова литија
Поради коронакризата денеска во Охрид не се одржа Бадниковата поворка, стара изворна и духовна традиција. Овојпат ги немаше стотиците млади ангелчиња кои со песната „Вечниот бог“ симболично го навестуваа раѓањето на Исус Христос.
-
Македонија 06.01.2021 15:49
Православните христијани го слават Бадник, ден пред Христовото раѓање
Со литургија и осветување на бадниковите гранчиња, во сите храмови на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, одбележан Бадник – денот пред најрадосниот христијански празник, Раѓањето Христово- Божик.
-
Македонија 05.01.2021 19:51
Нови 580 случаи со Ковид-19, починати девет лица, оздравени 572 пациенти
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2431 тестирања, а регистрирани се 580 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-254, Куманово-32, Дебар-10, Штип-12, Прилеп-30, Тетово-21, Струга-7, Велес-28, Битола-23, Охрид-23, Кавадарци-30, Гостивар-18, Гевгелија-15, Стру
-
Македонија 05.01.2021 16:49
Се намалува бројот на решенија за изолација
За 20 отсто е намален бројот на решанија за изолација, а за 60 отсто бројот на затворени угостителски објекти, оценуваат од Инспекцискиот совет. Изминатата недела биле спроведени 5.718 надзори и контроли од седумте инспекторати.
-
Македонија 05.01.2021 15:53
Инфектолозите се соочуваат со пост- ковид проблеми
Речиси за половина е намален бројот на хоспитализирани, за една третина амбулантски прегледи, но во прилепската болница не препорачуваат опуштање поради релативно потсмирената ситуација со Ковид-19.
-
Македонија 05.01.2021 15:49
Ветингот на офицерскиот кадар е во тек
Во тек е ветинг на офицерскиот кадар на АРМ според НАТО стандардите. Дел од сертифицирањето на кадарот помина пред нашиот прием во Алијансата, се работи за темелна постапка која не зависи само од нас, а пандемијата го успори процесот, изјави Министерката за одбрана денес во Штип.
-
Македонија 05.01.2021 15:42
Бадник без поворки и прослави
Традиционалните прослави за Бадник се откажани. Поради актуелната состојба со пандемијата предизвикана од Ковид- 19, годинава нема да се одржат бадниковите поворки низ улиците во државата, со кои дечињата го најавуваа Христовото раѓање.
-
Македонија 05.01.2021 14:42
Заврши увидот за пожарот во „Глобал“
Денес комплетно заврши увидот на надлежните инспекциски служби за утврдување на причините за настанување на пожарот во ТЦ „Глобал“. Влегоа и првите сопственици во опожарените дуќани во „Глобал“ за да видат што останало по пожарот.
-
Македонија 05.01.2021 14:34
Османи: Новиот закон ќе одговори на предизвиците на надворешно - политичките приоритети на земјата
Дипломати може дa бидат лица само со македонскo државјанство, стои во новиот нацрт- закон за надворешни работи што го презентираше шефот на дипломатијата Османи. Две третини од македонските претставници во странство ќе бидат дипломати од кариера.










