Општините во кои расте бројот на заразени со Ковид-19, како Сарај, Чаир, Бутел, Гази Баба и Аеродром, можно е да бидат ставени во карантин, најави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес- конференција.
-
Македонија 29.05.2020 14:44
-
Македонија 29.05.2020 14:12
МТСП: Исплатен младинскиот додаток за април
Министерството за труд и социјална политика и Агeнцијата за вработување информираат дека е извршена исплата на младински додаток за месец април. На личните сметки на 2.759 млади лица се префрлени над 8,9 милиони денари додаток на плата.
-
Македонија 29.05.2020 14:03
За непочитување на полицискиот час обвинети 28 лица во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 28 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 29.05.2020 13:49
Шекеринска: Денеска и на македонското небо видовме дека ние сме НАТО
„Денеска и на македонското небо можевме да видиме дека е точна тезата – Ние сме НАТО. Република Северна Македонија стана 30та членка на НАТО Алијансата после речиси триесетгодишни напори.
-
Македонија 29.05.2020 13:32
Нови 52 случаи на Ковид-19, починати четири лица, оздравени 30 пациенти
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 30 оздравени пациенти во: Скопје-16, Тетово-10, Велес-1, Охрид-2, Кратово-1.
-
Македонија 29.05.2020 13:17
ОЈО: Предложена казна од 10 илјади евра за поранешната директорка на Клиниката за дерматовенерологија
По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против поранешната директорка на ЈЗУ Клиника за дерматовенерологија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ – Скопје, која е обвинета за кривично д
-
Македонија 29.05.2020 12:32
Брнз: Прелетот на авионите за добредојде во НАТО израз на нашата трајна поддршка
Прелетот на американски воени авиони денеска над Скопје е израз на нашата трајна поддршка за Северна Македонија како и гест преку кој што ви посакуваме добредојде како 30-та ченка на НАТО, изјави американската амбасадорка Кејт Мари Брнз.
-
Македонија 29.05.2020 12:21
Двајца обвинети за непочитување на полицискиот час во Дебар
Во одделни кривично-правни настани, двајцата обвинети на 11 мај 2020 година, биле затекнати како се движат надвор од своите домови за време на полицискиот час, без да поседуваат дозвола за тоа.
-
Македонија 29.05.2020 10:16
МТСП: Обезбедени 658 пакети со храна за жртви на семејно насилство
Министерството за труд и социјална политика во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје обезбеди 658 пакети со храна како итен одговор и поддршка за оние кои се најсилно засегнати од кризата предизвикана од КОВИД-19.
-
Македонија 29.05.2020 09:52
МВР: На 368 лица им се издадени решенија за изолација во изминатото деноноќие
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија на 368 лица им се издадени решенија за изолација, а 47 лица потпишале изјави за самоизолација.







