Комисијата за заразни болести ги демантира информациите кои се пласирани денеска во одредени медиуми дека на утринскиот состанок е донесена одлука за целосно олабавување на мерките заради тоа што истите не се почитувале од граѓаните.
-
Македонија 26.05.2020 15:52
-
Македонија 26.05.2020 15:26
Владата ќе одржи седница, се очекуваат одлуки за мерките за Ковид-19
Владата попладне со почеток во 16 часот ќе одржи седница на која се очекуваат одлуки во однос на мерките и препораките за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19.
За заклучоците од седницата владината служба ќе информира со соопштение по нејзиното завршување.
-
Македонија 26.05.2020 14:10
Нови 16 случаи на Ковид-19, тројца починати, 14 оздравени пациенти
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 14 оздравени пациенти во: Скопје-3 и Тетово-11.
-
Македонија 26.05.2020 13:14
МЗ: Зголемувањето на платите за здравствените работници- инвестиција во човечки капитал, во јавното здравство и во иднината на државата
Во мигови кога целиот свет се соочува со криза за јавното здравје, јасно е дека здравството и здравствените работници се еден од клучните столбови во државата, кои се во постојана борба за справување со коронавирусот, но се и најизложени на ризици.
-
Македонија 26.05.2020 13:03
Спасовски: До крајот на неделава ќе се направат проценки дали е потребна нова вонредна состојба
До крајот на наеделата ќе се направи проценка, дали е потребно прогласување нова, трета вонредна состојба, рече денеска премиерот Оливер Спасовски.
-
Македонија 26.05.2020 12:25
Побарани парични казни од по 2.000 евра за две лица во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица кои не го почитувале полицискиот час.
-
Македонија 26.05.2020 11:15
Комисијата за заразни болести ќе расправа за олабавување на мерките
Отворање на угостителските објекти, на градинките и намалување на полицискиот час, се некои од темите за кои Комисијата за заразни болести денеска би требало да разговара, по најавите дека ќе има олабавување на мерките по празниците.
-
Македонија 26.05.2020 11:02
МВР: 126 лица не ја почитувале забраната за движење, 79 приведени
Во текот на изминатото деноноќие (25/26.05) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 126 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 79 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопштуваат од МВР.
-
Македонија 25.05.2020 12:54
Потврден 21 нов случај на Ковид- 19, оздравени 17 пациенти
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти во: Скопје-7, Куманово-2, Прилеп-2, Велес-2, Гостивар-1, Крива Паланка-1, Пехчево-1 и Берово-1. Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на ковид-19.
-
Македонија 25.05.2020 11:17
Филипче: Коронавирусот ниту е мртов, ниту е заминат
Фотографиите и прилозите од вчерашното празнување во верските храмови и пред нив се повторно загрижувачки.






