Слаб интерес кај избирачите за јавниот увид во избирачкиот список за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 12-ти април.
-
Македонија 26.02.2020 15:38
-
Македонија 26.02.2020 15:17
Засилени контроли на граничните премини
На граничните премини и на аеродромите засилана контрола на патниците кои доаѓаат од ризчни подрачја со регистрирани случаи на Коронавирус. Службениците со маски и заштитни ракавици. Се почитуваат владините препораки.
-
Македонија 26.02.2020 14:59
Димитров: Добивме потврда за сработеното и ветер во грб за заслуженото
Поддршка од Чешка за почеток на преговори. „Добивме потврда за сработеното и ветер во грб за заслуженото што ќе не донесе до целта отворање на пристапни преговори со ЕУ“, изјави шефот на дипломатијата Димитров во Прага.
-
Македонија 26.02.2020 14:55
Три нови сомнителни случаи на Коронавирус, двајца се негативни, за третиот се чекаат резултатите
Негативни се резултатите на Коронавирус и кај другите другите двајца пациенти. Имале симптоми, патувале во Италија, па сами се пријавиле да се тестираат на Инфективната клиника- потврдуваат здравствените власти. Се чекаат резултатите за уште еден пациент.
-
Македонија 26.02.2020 14:22
Почна судењето за организаторите на собраниските настани од 27-ми април
Знаеме кој ги отвори вратите на Собранието, но знаеме и кој им рече да го направат тоа.
-
Македонија 26.02.2020 13:05
Во предучилишните установи преземени се активности за дезинфенција, училиштата ги откажуваат екскурзиите
Се дезинфицираат чевлите, се пребришуваат подот и масите со специјални средства повеќе пати од вообичаеното. Во скопската градинка „Весели Цветови“ велат дека се преземаат сите активности. Поради владините мерки за заштита од Коронавирусот се внимава и на исхраната.
-
Македонија 26.02.2020 12:43
Нема заболени од Коронавирус во земјава
Засега нема заболени од Коронавирус во земјава, но два сомнителни случаја се тестираат на Инфективната клиника.
-
Македонија 26.02.2020 12:16
Димитров во работна посета на Чешка
Министерот за надворешни работи Димитров е во работна посета на Република Чешка. Имаше средба со чешкиот колега Томаш Петричек.
-
Македонија 26.02.2020 12:03
Одбележување 16 години од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски
Шестнаесет години од трагичната несреќа во која загина поранешниот претседател Борис Трајковски кај Ротимље во близина на Мостар. Владина делегација положи цвеќе на неговиот гроб во Алејата на великаните на градските гробишта во Бутел.
-
Македонија 26.02.2020 12:01
Почнува јавниот увид во Избирачкиот список, ќе трае до 11-ти март
Почнува јавниот увид во Избирачкиот список кој ќе трае до 11-ти март. Во него моментално има 1.817.028 гласачи. Своите податоци може да ги проверат електронски на интернет- страницата на ДИК.





