Министерот за надворешни работи Димитров е во работна посета на Република Чешка. Имаше средба со чешкиот колега Томаш Петричек.
-
Македонија 26.02.2020 12:16
-
Македонија 26.02.2020 12:03
Одбележување 16 години од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски
Шестнаесет години од трагичната несреќа во која загина поранешниот претседател Борис Трајковски кај Ротимље во близина на Мостар. Владина делегација положи цвеќе на неговиот гроб во Алејата на великаните на градските гробишта во Бутел.
-
Македонија 26.02.2020 12:01
Почнува јавниот увид во Избирачкиот список, ќе трае до 11-ти март
Почнува јавниот увид во Избирачкиот список кој ќе трае до 11-ти март. Во него моментално има 1.817.028 гласачи. Своите податоци може да ги проверат електронски на интернет- страницата на ДИК.
-
Македонија 25.02.2020 15:45
Патникот од Дубаи нема коронавирус
Патникот од Дубаи кој имаше симптоми слични на грип, а беше хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести нема коронавирус. Тестирањето покажало дека тој е позитивен на Инфлуенца тип Б. Патникот допатувал пред неколку дена во земјава по шестдневен престој во Дубаи.
-
Македонија 25.02.2020 15:13
Од утре јавен увид во избирачкиот список
Од утре почнува да тече рокот за јавен увид во избирачкиот список и за собирање потписи на избирачите за кандидатите за пратеници. Службените лица од ДИК потписите ќе ги собираат и пред надлежен нотар, што беше утврдено на седницата.
-
Македонија 25.02.2020 15:10
ВМРО-ДПМНЕ ќе маршира за ослободување на правосудниот систем
Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ ќе маршира за ослободување на правосудниот систем. Претседателот на партијата Мицкоски ги повика сите политички партии кои биле гласни за ветинг и за промени во судството да се придружат.
-
Македонија 25.02.2020 15:06
Милошоски ја предаде аудиоснимката што ја објави на пресконференција
Антонијо Милошоски ги предаде материјалите на обвинителката Вилма Рускоска, на кои како што тврди тој, се слуша гласот на експремиерот Заев, како носел одлуки во име на Врховниот суд и на СЈО, поточно се договарал со Катица Јанева и Јово Вангеловски.
-
Македонија 25.02.2020 14:46
Прилеп подготвен за меѓународниот карневал „Прочка“
Прилеп ќе живее со карневалската треска. Околу 1.000 учесници, маски од Прилеп, земајава и од странство, ќе дефилираат во центарот на градот на тридневниот карневал „Прочка“. Маските ќе ги покажат умешноста, креативноста, традицијата и современите текови.
-
Македонија 25.02.2020 14:39
Димитров во посета на Чешка
Министерот за надворешни работи Никола Димитров утре и задутре ќе престојува во работна посета на Прага, Република Чешка, каде што ќе има средби со неговиот домаќин шефот на чешката дипломатија Томаш Петричек, со претседателот на Долниот дом на Парламентот Радек Вондрачек и со државната секрета
-
Македонија 25.02.2020 14:39
Владата со препораки за превенција и заштита од коронавирусот
Владата донесе одлука да го ограничи влегувањето во земјата од кризните подрачја од Северна Италија само преку Скопскиот и Охридскиот аеродром и граничните премини Ќафасан, Табановце, Блаце, Богородица и Деве Баир.






