Задоцни контролата за коронавирусот во земјава. Здравствените власти и институции не успеаа да се координираат. Медицинските тимови на Скопскиот аеродром пристигнаа речиси во исто време кога слета авионот од Дубаи.
-
Македонија 27.01.2020 15:55
-
Македонија 27.01.2020 15:43
Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот одбележан со комеморативна академија
Одбележуваме два настана за незаборав. Меѓународен ден на сеќавање на холокаустот и депортација на 7.144 Евреи од Македонија во логорот на смртта- Треблинка, од кои половината беа деца, рече претседателката на еврејската заедница, Берта Романо- Николиќ на Комеморативната седница во МАНУ.
-
Македонија 27.01.2020 15:36
Утре јавна расправа за Законот за јавно обвинителство
Законот за јавното обвинителство продолжува да ја бранува политичката сцена. Предлог- законот според најавите во вторник влегува во собраниска процедура, откако ќе го мине владиниот филтер на седница.
-
Македонија 27.01.2020 15:28
Меѓусебни обвинувања на собраниската расправа за проблемот со аерозагадувањето
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува власта за енормното аерозагадување. Според нив, иако СДСМ ветувала гасификација, воведување трамвај и купување електрични автобуси, сепак ниту една конкретна политика во оваа област не е спроведена во практика.
-
Македонија 27.01.2020 15:19
МНР: Нема заразени македонски државјани од коронавирус во Кина
Согласно информациите добиени од македонската амбасада во НР Кина, Министерството за надворешни работи информира дека до овој момент не е пријавен ниту еден случај на наш државјанин заболен со Коронавирусот.
-
Македонија 27.01.2020 15:04
Случај „Рекет“: Недоличните зборови на Јанева го засенија сведочењето на Стефанова
Недоличните зборови на Јанева упатени кон Стефанова го засенија тричасовното сведочење на специјалната обвинителка. Поради вулгарниот чин, судијата ја отстрани од судница екс- шефицата на СЈО, сега обвинета во случајот „Рекет“.
-
Македонија 27.01.2020 13:36
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да заборави на теснопартиските интереси
ВМРО-ДПМНЕ да заборави на теснопартиските интереси и да го поддржи Законот за јавно обвинителство, повикаа од СДСМ. Посочуваат дека законот овозможува сите предмети на СЈО да имаат професионална завршница.
-
Македонија 27.01.2020 12:28
Со сведочење на обвинителката Стефанови продолжи судењето за „Рекет“
Во Кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот „Рекет“. Обвинителката Лиле Стефанова сведочеше пред судот дека поранешната специјална обвинителка Катица Јанева ја терала да го затвори предметот „Империја“ против Орце Камчев.
-
Македонија 27.01.2020 11:56
Поднесено обвинение против сторител на шест кражби во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари дека извршило продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик, како и едно кривично дело – Кражба предвидено и казниво согласно член 235 ста
-
Македонија 27.01.2020 10:11
Собранието ќе одржи две седници
Законодавниот дом денеска треба да одржи две пленарни сесии на кои што се повеќе законски предлози, по скратена постапка.





