МВР: 40 лица не ја почитувале забраната за движење, 29 приведени
07.05.2020 09:38
Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката, на 70 лица им се издадени решенија за изолација, а 25 лица потпишале изјави за самоизолација...
Во текот на изминатите 24 часа на ниво на целата држава 40 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 29 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопштуваат од МВР.
Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката, на 70 лица им се издадени решенија за изолација, а 25 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, велат од МВР.
