Газдата на „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули, осуден на десетгодишна затворска казна за трагедијата кај Ласкарци повторно побарал одложување на извршувањето на казната. Иако, тој требаше денеска да замине зад решетки, повторно поднел барање за одложување зашто имал закажано операција.
-
Македонија 01.12.2025 11:51
-
Македонија 01.12.2025 11:27
Поднесена пријава против музичари од Босна и Херцеговина, настапувале во објект во Кичево без соодветна работна дозвола
На 29/30.11.2025 од страна на ОВР Кичево и РЦГР Запад, во координација со Државен пазарен инспекторат и Државен трудов инспекторат, врз база на претходно изготвен план, е спроведена засилена акциска контрола во угостителски објекти во Кичево.
-
Македонија 01.12.2025 10:27
Работна посета на Муртезани во Брисел – средба со Ана-Марија Бура
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, во рамки на работната посета на Брисел, утрово оствари средба со Ана-Марија Бура, главен советник за надворешна политика во кабинетот на Претседателот на Европскиот совет, задолжена за координација на надворешните политики и агендата за надворешни
-
Македонија 01.12.2025 10:09
Водата во Скопје безбедна за пиење и со добар квалитет
Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18).
-
Македонија 01.12.2025 09:51
Герасимовски со УНИЦЕФ: Заедно во превенција на вандализам и воведување општокорисна работа за малолетници
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, одржа работен состанок со тимот на УНИЦЕФ предводен од Лесли Милер, претставничка на организацијата во државата.
На состанокот се дискутираше на тема општокорисна работа и превенција на вандализмот кај малолетните лица.
-
Македонија 01.12.2025 09:47
Министерот Андоновски ќе промовира бесплатна Wi-Fi зона на Филозофски факултет во Скопје
Денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ќе оствари посета на Филозофскиот Факултет – Скопје, каде заедно со деканот на факултетот Проф.д-р Оливер Бакрески, ќе потпишат Меморандум за соработка помеѓу Министерство за дигитална трансформација и Филозофски Факултет – Скопје
-
Македонија 01.12.2025 09:35
Пронајдено безживотно тело во Вардар кај село Уланци
Екипа на Територијалната противпожарна единица во Велес вчера извадила безживотно тело од водите на Вардар кај село Уланци во општина Градско, по дојава што ја примиле попладнето, во 14:30 часот. Трупот е предаден на надлежните служби.
-
Македонија 01.12.2025 09:22
Минусни температури утрово во Тетово, Битола и Берово
Утрово во државата се измерени ниски температури, кои во поголем дел од земјата се движат од -1 до 5 степени Целзиусови. Најстудено беше во Тетово, Битола и Берово со -1 степен, додека 0 степени се измерени во Скопје-Петровец, Струмица, Прилеп, Демир Капија и Маврови Анови.
-
Македонија 01.12.2025 09:11
Почнува Волонтерската програма на Собранието 2025
Во законодавниот дом денеска ќе се одржи свеченост по повод отворањето на Волонтерската програма на Собранието 2025.
-
Македонија 01.12.2025 08:50
Комплетирање на владината коалиција, Мицкоски ги очекува предлозите на ВРЕДИ
Денеска треба да се комплетира владината коалиција. Премиерот Мицкоски ги очекува предлозите на ВРЕДИ за пополнување на министерските места.










