Тринаесетметарската елка ќе светне за десетина дена на плоштадот „Македонија“ во Скопје, а целосното новогодишно украсување градот ќе го чини 70.000 евра. Од Град Скопје велат дека тендерската постапка за избор на компанија која ќе украсува е во тек, рокот е до четврти декември.
-
Македонија 30.11.2025 16:02
-
Македонија 30.11.2025 15:42
Наскоро ќе се пополнат испразнетите ресори во Владата, во Собранието превирања и комбинаторики
Наскоро ќе се пополнат испразнетите ресори во Владата. Во Собранието, пак, превирања и комбинаторики. Собраниското мнозинство останува стабилно, но се намалува бројот на пратеници на опозицијата.
-
Македонија 30.11.2025 15:02
Нови 38 случаи на ХИВ/СИДА регистрирани во земјава од почетокот на годинава
Триесет и осум нови случаи со ХИВ/СИДА се регистрирани во земјава од почетокот на годинава, за 25 проценти помалку од лани – стои во извештајот на Институтот за јавно здравје. Имало и осум смртни случаи.
-
Македонија 30.11.2025 14:15
Злоупотреби на административните ресурси во изборите
Во речиси една третина од мониторираните преку 1.000 изборни настани, се злоупотребиле јавните локални објекти за логистика, складирање, но и за промоција на партиските кандидати. Најчесто биле користени детски градинки, училишта, културни домови, административни згради, музеи, галерии.
-
Македонија 30.11.2025 13:24
Сериозни предизвици во колективното домување во туристички Охрид
Прокиснати кровови, нефункционални лифтови, поплавени подруми, неодржувани заеднички простории. Ова се дел од проблемите на колективното домување во туристички Охрид. Голем дел од становите се во сопственост на граѓани од други градови, или иселеници, а тоа го отежнува функционирањето.
-
Македонија 30.11.2025 12:47
Најдобриот во светот за длабинско нуркање го посети Охрид
Шест години се подготвував за рекордната длабочина, од кои пет години се одвиваше психолошката подготовка и четири подготовката под вода.
-
Македонија 30.11.2025 11:47
На полноќ истекува рокот за собирање потписи за независните кандидати за градоначалници во четири општини
Вечер на полноќ истекува рокот за собирање потписи на независните кандидати коишто сакаат да учествуваат на повторените локални избори во четирите општини Маврово-Ростуше, Врапчиште, Гостивар и Центар Жупа
-
Македонија 30.11.2025 09:05
Петта панел-дискусија „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“
Националната кампања „Магијата е во знаењето“ на Министерството за образование и наука продолжува со својот караван на панел-дискусии низ градовите. Досега се одржаа панели во Скопје, Прилеп, Тетово и Куманово, а следната станица е Струмица.
-
Македонија 30.11.2025 08:35
Променливо облачно со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од-2 до 3, а максималната ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.
-
Македонија 29.11.2025 18:04
Се излеа Кочанска река
Изобилните врнежи предизвикаа излевање на Кочанска река. Најпогодено е селото Облешево каде што се поплавени куќи, ниви и магацини со ориз. Општината формираше кризен штаб.
Градоначалникот вели се работи на санирање на состојбата, но потребна е дополнителна механизација за помош.










