Да не беше трагична, одлуката за ослободување на Катица Јанева од притвор ќе беше смешна, реагираат од ВМРО- ДПМНЕ во врска со одлуката на Апелацискиот суд за куќниот притвор на Јанева.
-
Македонија 20.11.2019 10:29
-
Македонија 20.11.2019 10:27
Продолжено пријавувањето за субвенции за млеко
Млекопроизводителите добија дополнителни 15 дена за да можат да се пријавуваат за субвенции за произведено и продадено овчо, козјо и кравјо млеко од мај до септември 2019 година.
Висината на поддршката е 4,5 денари за овчото и козјото и 3,5 денари за кравјото млеко.
-
Македонија 20.11.2019 10:23
Заев: Притворот за мене е казна
Верувам во ефикасни судски процеси, каде што е утврдена вината, и си носи одговорност осомниченото или обвинетото лице, изјави премиерот Заев за МТВ на дебата за буџетот.
-
Македонија 20.11.2019 10:16
Јанева во куќен притвор
Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева замина во куќен притвор. Оваа мерка ќе ја издржува во домот во Скопје.
Апелацискиот суд, одлуката ја донел, поради здравствената состојба на Јанева.
-
Македонија 20.11.2019 09:22
Ден на детето
Децата се осoбeна група луѓе. Без нив не може да се замисли животот на оваа планета. Децата се нашата иднина.Тие се народ кој никогаш не извел никаква револуција или контрареволуција, ниту, пак, започнал некаква војна.
-
Македонија 19.11.2019 15:39
Расправа за законот за правата на заедниците
Законот за правата на заедниците треба да овозможи унапредување на положбата на граѓаните кои се застапени под 20 насто од населението. Тоа значи ефикасна Агенција за зголемена соработка со државните институции и невладиниот сектор.
-
Македонија 19.11.2019 15:16
Северна Македонија не побарала финансиска помош од ЕУ за градење кампови за мигранти
Северна Македонија не побарала финансиска помош од Европската унија за градење кампови за мигранти и бегалци, рече еврокомесарот за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос по завршувањето на министерскиот форум за правда и внатрешни работи на ЕУ- Западен Балкан.
-
Македонија 19.11.2019 15:00
Загадувањето причина за хронична белодробна болест
Аерозагадувањето ги полни клиниките, сѐ поголем број пациенти со проблеми со дишењето бараат лекарска помош. Статистиката на Клиниката за пулмологија покажува загрижувачки раст на оваа хронична опструктивна болест.
-
Македонија 19.11.2019 14:32
Пендаровски: Без механизми за младинско учество, не може да се очекува напредок и просперитет
Нема политички проблеми за Македонија да стане членка на НАТО, туку технички. Вашето членство ќе стане официјално во моментот кога претседателот Пендаровски ќе седне на истата маса со Трамп и Макрон.
-
Македонија 19.11.2019 14:17
Протест против законот за извршување
Владата да го реши проблемот со извршителите и да ја исправи неправдата, бидејќи револтот е голем и во спротивно ќе ја земеме правдата во сопствени раце, беше истакнато на протестот. Учесниците побараа итни измени на законот за извршување.


