Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а по котлините магливо. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои повремено ќе имаат пообилен карактер. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
-
Македонија 19.11.2019 10:28
-
Македонија 19.11.2019 10:22
Совет на ЕУ: Дискусија за реформите за проширувањето
Министрите за надворешни и европски работи на европската унија ќе се навратат на прашањето за проширувањето и преговорите со Северна Македонија и Албанија.
Дискусијата ќе ги вклучи и последните предлози на Франција за пополитички, пореверизбилен и постепен процес на преговори.
-
Македонија 19.11.2019 10:13
Лиценци за проценители на тутун
Почнува пријавувањето за полагање на испитите за добивање на лиценци за проценка на тутунот. Крајниот рок за поденсување на документите е до 20- ти овој месец.
-
Македонија 18.11.2019 13:50
Скопје подготвено за зимското одржување на улиците
Скопје, според најавите од градската управа ја подготви и усвои програмата за одржување на градот во зимски услови. Тоа се однесува на коловозните површини кои имаат површина од 2 милиони и 600 илјади квадратни километри.
-
Македонија 18.11.2019 12:57
Акција за пошумување
Садниците ќе се засадуваат во делот од мостот на реката Габровчица, паркот кај езерцата до градскиот стадион. Планирано е да се засадат околу 100 садници од јавор и јасен, а чемпреси и липи во парковите во центарот на градот.
-
Македонија 18.11.2019 12:44
Вчера и денеска земјотрес на подрачје меѓу Битола и Лерин од 3.3 и 3.0 степени по Рихтер
Најсилни до сега од оваа серија се земјотресите од 17.11.2019 г., во 15 часот и 40 минути и земјотресот денес во 7 часот и 41 минута. Првиот бил со локална Рихтерова магнитуда 3.3 додека вториот со магнитуда 3.0.
-
Македонија 18.11.2019 11:24
Доцни есенската сеидба
Услов е да се употребуваат поголеми количества на семенски материјал за успешно поникнување и презимување на посевите.
-
Македонија 18.11.2019 10:50
Исчистена депонија во Злокуќани
Тука често се палеа и огнови на отворено, со што дополнително се придонесуваше кон зголемување на аерозагадувањето.
-
Македонија 18.11.2019 09:58
Прослава на патронен празник по 65 пат
Државното училиште за рехабилитација на деца и на младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје , по 65 пат го прослави својот патронен празник .
-
Македонија 15.11.2019 15:40
Умерен оптимизам пред мајскиот самит
Јас сум умерен оптимист, а од претседателот Макрон нема стопроцентна гаранција дека до мајскиот самит на ЕУ во ЗАгреб ќе има одлука за датум за Македонија, вели шефот на државата Пендаровски. Гаранција има дека методологијата ќе се донесе најдоцна до март.








