Со давање исказ на Владиката Пимен, предложен како сведок од обвинетиот Богдан Илиевски-Бетмен, во Кривичниот суд продолжи рочиштето за настаните од 27-ми април минатата година во Собранието на Република Македонија.
-
Македонија 13.12.2018 12:46
-
Македонија 13.12.2018 12:39
Папата Франциск на 7-ми мај ќе ја посети Македонија
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, на 7-ми мај наредната година ќе ја посети Република Македонија, соопшти владината прес- служба.
-
Македонија 13.12.2018 11:15
Нимиц: Преспанскиот договор е важен за регионот и за односите меѓу Атина и Скопје
„Договорот од Преспа е многу важен чекор за стабилноста на регионот и за односите меѓу Македонија и Грција“, оценува медијаторот Метју Нимиц.
-
Македонија 13.12.2018 10:54
Продолжува судењето за собраниските настани од 27-ми април
Судењето за настаните од 27-ми април минатата година во Собранието продолжува денеска со сослушување на пет сведоци, предложени од одбраната на обвинетиот Богдан Илиевски- Бетмен.
-
Македонија 13.12.2018 10:51
Нови рочишта за „Таргет-Тврдина“, „Тарифа“ и „Титаник 3“ во Кривичен суд
Во Кривичниот суд- Скопје за денеска се закажани нови рочишта за предметите „Таргет-Тврдина“, „Тарифа“, и „Титаник 3“ на Специјалното јавно обвинителство.
-
Македонија 12.12.2018 16:55
Метео: Облачно време со повремени врнежи од снег
Утре во Македонија ќе преовладува облачно време. Во попладневните часови се очекуваат повремени врнежи кои ќе бидат претежно од снег, а ќе продолжат во текот на ноќта како и во петок претпладне.
На места ќе се формира снежна покривка. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
-
Македонија 12.12.2018 16:08
Унгарскиот портал „24.ху“ објави видео од Груевски во Будимпешта
Унгарскиот портал „24.ху“ објави видео од поранешниот премиер Никола Груевски, кој се наоѓа во Будимпешта. Новинарот праша, но не доби одговор како Груевски ја напуштил нашата земја и дали унгарските власти му помогнале во тоа.
-
Македонија 12.12.2018 15:57
Слепите и лицата со оштетен вид од Пелагонискиот регион добија Регионален центар
Слепите лица и лицата со оштетен вид од пет општини во Пелагонискиот регион добија ново катче. Поранешната месна заедница „Коле Лачето“ преадаптирана е во Регионален ресурсен центар кој, како што велат, е единствен во земјава кој гласи на Здружение на слепи лица.
-
Македонија 12.12.2018 15:48
Реконструкција на обидот за убиство на Тодоров
Каде точно стоел дедото на Тамара, а каде екс- министерот Тодоров, во кој правец завршиле проектилите? Судот и балистичарите на терен го реконструираа обидот за убиство на некогашниот прв човек на здравството.
-
Македонија 12.12.2018 15:10
СДСМ: Мицкоски спроведува деструктивни политики
Кај раководството на ВМРО-ДПМНЕ присутна истата матица. Мицкоски исто како Груевски спроведува деструктивни политики и работи против интеграцијата на Македонија во ЕУ и во НАТО, велат од СДСМ.










