Продолжува судењето за собраниските настани од 27-ми април. Се очекува на денешното рочиште да сведочи поранешниот претседател на законодавниот дом Трајко Вељаноски.
-
Македонија 11.12.2018 10:50
-
Македонија 11.12.2018 10:42
Состанок на високо ниво на француско- германската иницијатива против трговијата со огнено оружје во земјите од Западен Балкан
Париз е домаќин на состанокот на високо ниво на француско- германската иницијатива против трговијата со огнено оружје во земјите од Западен Балкан, а меѓу учесниците се и министрите за надворешни и за внатрешни работи Никола Димитров и Оливер Спасовски.
-
Македонија 10.12.2018 16:27
Затвореници во Идризово почнаа штрајк со глад, бараат амнестија
Затвореници од затворот „Идризово“ штрајкуваат со глад. Бараат да бидат опфатени со најавениот закон за амнестија на обвинетите за собраниските натсани од 27-ми април.
-
Македонија 10.12.2018 16:22
Завршија јавните дебати за уставните амандмани
„Имаме фер и праведно решение кое отвора огромни перспективи за Македонија. Да, ќе бидеме Република Северна Македонија, но никој повеќе нема да ни ги оспорува националноста и јазикот“, рече премиерот Заев на дебатата за нацрт- амандманите на Уставот.
-
Македонија 10.12.2018 15:18
Метео: Променливо облачно и студено
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно и студено време, на места со провејување на слаб снег. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
-
Македонија 10.12.2018 14:32
Џафери: Уставните амандмани ќе се гласаат на 15-ти јануари
Комисиската расправа за амандманите на Уставот кои произлегуваат како обврска од Преспанскиот договор ќе започне на 17-ти декември, пленарната седница на Собрането треба најрано да биде закажана на 9-ти јануари идната година, а гласањето да се случи на 15-ти јануари, изјави денеска претседателот
-
Македонија 10.12.2018 14:27
ВМРО-ДПМНЕ: МТСП не се грижи за децата без родители
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска не се грижи за децата без родители, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 10.12.2018 14:22
Хан: Реформи за позитивен извештај
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан утрово пред почетокот на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ порача дека не верува дека експремиерот Никола Груевски ќе биде екстрадиран од Унгарија во Македонија. Хан со порака дека реформите се предуслов за позитивен извештај на ЕУ.
-
Македонија 10.12.2018 14:09
МТСП: 60 проценти деца помалку во установите
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека до крајот на годинава во социјалните установи во земјава ќе бидат сместени за 60 насто помалку деца во однос на средината на годината.
Преку процесот на деинституционализација вкупно161 дете се згрижува надвор од установите.
-
Македонија 10.12.2018 14:00
Средба Џафери- Ручи
Спроведувањето на Преспанскиот договор како услов за евроатланската интеграција на Македонија била една од темите на средбата на спикерите на парламентите на Македонија и на Албанија, Џафери и Ручи.







