ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со нацрт- амандманите на Уставот, предложени од Владата. Од партијата велат дека се тие дел од капитулацијата на Заев при за спроведувањето на Договорот со Грција.
-
Македонија 02.11.2018 14:59
-
Македонија 02.11.2018 14:44
Намален бројот на напади врз новинари
Безбедноста на новинарите се подобрува, но сѐ уште постои неказнивост на насилството врз нив, што потткинува самоцензура- ова е еден од заклучоците на Меѓународниот ден. На ваквата состојба влијаат и обемната бирократија, бавните истраги и процесуирањето на судските спорови.
-
Македонија 02.11.2018 14:33
Одбиена молбата на Груевски за одлагање на затворската казна
Судија за извршување санкции при Кривичниот суд ја одби молбата на поранешниот премиер Никола Груевски за одлагање на двегодишната затворска казна за набавката на луксузниот мерцедес во предметот на СЈО- „Тенк“.
-
Македонија 02.11.2018 14:27
Владата ги достави нацрт- амандманите до Собранието, пленарна седница на 1-ви декември
Предлогот на Владата е во Уставот да се интервенира со четири амандмани кои се веќе доставени до Собранието. Во нив пишува - името на државата се менува во Република Северна Македонија, освен во членот 36 којшто има историски контекст.
-
Македонија 02.11.2018 13:49
Метео: Од недела постепен пад на температурите
Продолжува периодот на стабилно суво и топло време кое што не очекува и во текот на викендот со услови за слаба утринска магла по одделни котлини и со повремено зголемување на облачноста.
Од недела температурите ќе бележат постепено опаѓање.
-
Македонија 02.11.2018 13:05
На обвинетиот Марковски ќе му се суди во раздвоена постапка за собраниските настани од 27-ми април
На барање на обвинителката Вилма Русковска, Судечкиот совет во предметот 27-ми април, одлучи да ја раздвои постапката за обвинетиот Сашо Марковски, кој поради нарушена здравствена состојба е на болничко лекување.
-
Македонија 02.11.2018 12:26
Предлозите на новата пратеничка група вградени во нацрт- амандманите на Уставот
Координаторката на новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Елизабета Канческа- Милевска информираше дека Владата прифатила нивните предлози да се вградат во нацрт- амандманите на Уставот.
-
Македонија 02.11.2018 12:19
Владата ги усвои нацрт- амандманите на Уставот
Владата ги изготви четирите нацрт- амандмани за измени на Уставот согласно договорот со Грција. Во текот на денот ќе бидат доставени до Собранието. Премиерот Зоран Заев рече дека во предложениот текст нема ништо спорно и дека се прифатени барањата на новоформираната пратеничка група.
-
Македонија 02.11.2018 11:31
СЈО: Замрзнат имотот на „Европа 92“ и на „НОЕЛ“ во истрагата за „Поштенска банка“
По барање на Специјалното јавно обвинителство, судија на претходна постапка на Основен суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое е изречена привремена мерка за обезбедување на имот во врска со истрагата во јавноста позната под името „Поштенска банка“, соопшти СЈО.
-
Македонија 02.11.2018 10:05
Обновена авиолинијата Скопје- Атина
По повеќе од една деценија на Скопскиот аеродром слета авион од Атина. Македонија и Грција го обновуваат директниот лет Атина- Скопје. Летовите ќе бидат два пати неделно. Меѓу првите патници вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој беше во посета на грчката престолнина.










