Јас и огромното мнозинство од народот, со разум, мудрост но и со срце не сме на страната на оние кои работат на обезличувањето на сопствената држава и сопствениот народ, бидеќи не би можел да се погледнам во огледало доколку прифатам нешто во што не верувам.
-
Македонија 24.09.2018 11:58
-
Македонија 24.09.2018 11:54
Заев ја повика опозицијата заедно да ја градат иднината
Ајде заедно да изградиме план за европска Македонија, затоа што нема друга алтернатива, а ако има ајде да ја слушнеме и да разговараме за неа. Премиерот Зоран Заев од Струмица ја повика опозицијата - заедно да ја градат иднината на земјата.
-
Македонија 24.09.2018 11:46
Иванов: Владата нема мандат за промена на идентитетот
„Македонските граѓани и дијаспората се исправени пред големи предизвици за кои мора да се бараат решенија, но тие не смеат да отстапуваат од принципите на нашето постоење и опстојување.
-
Македонија 23.09.2018 09:52
Почнува есента
Во Македонија и на северната хемисфера денеска во 03:54 часот почна есента. Во исто време на јужната полутопка настапува пролетта.
На првиот ден од есента денот ќе трае 12 часа и 12 минути. Сонцето во Скопје ќе изгрее во 6 часот и 20 минути, а ќе зајде во 18 часот и 32 минути.
-
Македонија 23.09.2018 09:45
Иванов ќе го бојкотира референдмот
„На 30-ти септември нема да излезам да гласам“ – претседателот Иванов од Детроит го соопшти конечниот став за референдумот. Пред нашите иселеници во САД рече дека спогодбата со Грција е штетна и поразителна за Република Македонија и оти ќе има несогледливи последици по нашите држава и народ.
-
Македонија 22.09.2018 15:31
Иванов: Знаењето нема смисла ако не се користи
„Секоја цивилизација се соочува со предизвици, потребни се креативни решенија“, посочи претседателот Иванов во своето предавање на Државниот универзитет „Вејн“ во Мичиген. Говореше за раѓањето на новиот свет, за предизвиците и можностите на новите генерации.
-
Македонија 22.09.2018 15:11
Макрон: Верувам во иднината на земјата
Спогодбата од Преспа од 17-ти јуни овозможува напредок и подготовка за иднината, смета францускиот претседател Емануел Макрон.
-
Македонија 21.09.2018 15:38
Клиниката за неврохирургија го отвори новиот оддел за интензивна нега
Клиниката за неврохирургија го отвори новиот оддел за интензивна нега. Станува збор за проширување на просториите за триесетина квардратни метри во кои ќе бидат сместени 11 нови кревети за пацинтите.
-
Македонија 21.09.2018 15:28
Заев за МРТ: Нема друга Македонија освен нашата
Народот е обединет, особено околу нашите стратешки цели за аспирација кон ЕУ и НАТО, важно ми е и опозицијата да се одважи и да биде барем против бојкотот, бидејќи бојкотот не е решение.
-
Македонија 21.09.2018 15:21
ОЈО ќе истражува евентуална злоупотреба на малолетно лице за случајот „Скопјанка“
Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас во врска со настанот што се случи на 19.09.2018 година, кога по дојава на жители од зграда во скопската населба Аеродром, во стан во истата зграда беше откриено дека семејство со едно малолетно дете живее во исклучително лоши хиги







