Сите парламентарни партии од власта и од опозицијата со заедничката цел- ДА за членство во ЕУ и НАТО. Иако со различен став за Преспанскиот договор, велат дека ќе ја почитуваат волјата на граѓаните на референдумот.
-
Македонија 20.09.2018 15:09
-
Македонија 20.09.2018 14:56
Метео: Продолжува сончевото и топло време
Сончевото и топло време во Македонија со слаб до умерен ветер од јужен правец ќе продолжи и во текот на утрешниот ден. Дневната температура ќе достигне до 32 степена. Во сабота се очекува уште потопло време со максимална температура до 34 степени.
-
Македонија 20.09.2018 14:54
Сите деца со нарушен раст немаат пристап до хормонска терапија
Сите деца со нарушен раст немаат пристап до хормонска терапија- само 100 се лекуваат, другите ги сносат последиците од системските пропусти. Поради долгото време поминато на листата за чекање, стигаат до возраст кога терапијата не дава резултати.
-
Македонија 20.09.2018 14:37
Презентирани четири проекти од јавниот повик „Оброк за сите“
Преку иновации до поефикасен јавен сектор и подобри услуги за граѓаните. Ова е целта на креативниот предизвик „Оброк за сите“ кој треба да обезбеди храна за ранливите категории граѓани. Во Фондот за иновации беа презентирани четири проекти од јавниот повик.
-
Македонија 20.09.2018 14:21
Курц повторно повика граѓаните да гласаат на референдумот
Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска преку видео порака повторно ги повика граѓаните на Македонија да излезат на гласање на референдумот на 30-ти септември.
-
Македонија 20.09.2018 13:24
Манчевски: Досега не е пријавен случај на притисок на работното место
На официјалната веб страница на Министерството за информатичко општество и администрација од 13-ти месецов функионира алатка преку која вработените во администрацијата можат да пријават ако нивниот претпоставен им врши каков и да било притисок на работното место
-
Македонија 20.09.2018 13:13
ВМРО-ДПМНЕ: Власта не запира со расипништвото
Власта предводена од СДСМ не запира со расипништво и секое дете, пензионер, вработен или невработен граѓанин го задолжи со нови 30 евра пред референдумот, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 20.09.2018 12:59
Претседателот Иванов на 73-тата сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од денеска ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави, по повод учеството на 73-тата сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.
-
Македонија 20.09.2018 12:55
ДИК: Неопходни се два услова за успешен референдум
Половина од запишаните избирачи плус еден да излезат на гласање, и половина од излезените плус еден да гласаат „за“. Тоа се двата услова кои треба да бидат исполнети на претстојниот консултативен референдум на 30-ти септември, појаснија на денешниот брифинг од ДИК.
-
Македонија 20.09.2018 12:44
Средба Заев- Пенс во Вашингтон
Претстојниот референдум и напредокот на Македонија кон членството во НАТО, ова се очекува да бидат двете главни теми на разговор помеѓу македонскиот премиер Зоран Заев и американскиот потпретседател, Мајк Пенс во Вашингтон.










