Светскиот македонски конгрес повика на безусловен бојкот на референдумот и масовна неизлезност. Според Тодор Петров, постигнатиот договор со Грција е противуставен и го загрозува македонскиот идентитет и јазик.
-
Македонија 14.09.2018 14:58
-
Македонија 14.09.2018 14:50
НАТО интеграцијата отвора перспективи за Македонија
Рферендумот кој треба да се одржи на 30- ти септември е најважното што се случува во поновата историја на Македонија. Затоа, важно е граѓаните да бидат информирани и запознати кои се предизвиците и придобивките од НАТО интеграцијата.
-
Македонија 14.09.2018 14:39
Рот: Договорот е уникатна шанса за отворање на вратите на ЕУ и НАТО
Македонците пишуваат историја, но не само национална, туку и европска.
-
Македонија 14.09.2018 14:18
Деркоски: ДИК ги почитува зададените рокови
Државната изборна комисија не се соочила со проблеми при досегашниот тек на организацијата на референдумот, информираше првиот човек на ДИК, Оливер Деркоски. Тој вели оти сите активности се одвиваат според планираното.
-
Македонија 14.09.2018 13:31
Шилегов најави реформа во градската администрација
Град Скопје почна реформа во градската администрација. Се воведува внатрешна контрола над вработените. Во рок од два месеца треба да изготви регистар на сите несработени предмети, по што ќе се категоризираат по тип и време за постапување.
-
Македонија 14.09.2018 12:55
Исплатени 99 проценти од земјоделските субвенции
До први септември годинава се исплатени 99 проценти од ланските субвенции или реализирани се вкупно 6,8 милијарди денари, изјави директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски.
Најмногу од средствата биле распределени за градинарството, а најмалку за органското производство.
-
Македонија 14.09.2018 12:39
Метео: За викендот сончево и топло
Сончевото и топло време во Македонија ќе продолжи и во текот на викендот. Утре ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Попладне има мала веројатност за изолирана појава на краткотраен дожд во северните планиски предели.
-
Македонија 14.09.2018 11:54
Италијанската министерка за одбрана в понеделник во Македонија
Министерката за одбрана на Италија Елизабета Трента в понеделник ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.
-
Македонија 14.09.2018 11:40
Средба на Ахмети со американскиот помошник државен секретар Мичел
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети, во Скопје се сретна со американскиот помошник државен секретар, Вес Мичел и Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, соопштија од ДУИ.
-
Македонија 14.09.2018 11:25
Двојно зголемен водостојот на Вардар
Речиси двојно е зголемен водостојот на Вардар на сите мерни станици, покажуваат денешните хидролошки мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.









