Државната изборна комисија (ДИК) денеска треба да го заклучи Избирачкиот список за референдумот закажан за 30-ти септември. Во 15:30 часот ДИК ќе одржи седница на која ќе го заклучи Избирачкиот список и на која ќе го соопшти бројот на гласачи кои ќе можат да се изјаснат на референдумот.
-
Македонија 07.09.2018 11:08
-
Македонија 07.09.2018 10:43
Курц: Гласајте „за“ европската перспектива на Македонија
Решавањето на прашањето за името е голема шанса за динамика на Македонија и на целиот регион.
-
Македонија 06.09.2018 16:40
Вратата на НАТО е отворена, да се искористи шансата на 30-ти септември
Со пораки за поддршка на референдумот, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја заврши посетата на земјава.
-
Македонија 06.09.2018 16:21
Презентирани идејните решенија за новата Градска болница
Кон средината на идната година ќе се знае кога ќе се гради и како ќе изгледа новата Градска болница во Општина Аеродром, на местото на „Мајчин дом“. Презентирани идејните решенија. Во објектот треба да се префрли сегашната Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.
-
Македонија 06.09.2018 15:58
Трамп до Иванов: Договорот од Преспа го отвора патот до НАТО и ЕУ
Договорот од Преспа го отвора патот на Македонија до членството во НАТО и ЕУ- му пишува американскиот претседател Доналд Трамп на својот македонски колега Ѓорѓе Иванов, по повод Денот на независноста-8 Септември.
-
Македонија 06.09.2018 15:33
Столтенберг: Членството во НАТО ви е на дофат
За неколку седмици имате референдум за договорот за името.
-
Македонија 06.09.2018 14:48
Џафери- Столтенберг: Референдумот е патоказ кон иднината
Генералниот секретар на НАТО Столтенберг, на одвоени средби со претседателот на Собранието и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Џафери се заблагодарил за поддршката при добивањето покана за членство во НАТО.
-
Македонија 06.09.2018 14:39
Столтенберг: Граѓаните ја носат одлуката, ние сме подготвени да ве пречекаме како 30-та членка на НАТО
За неколку недели ќе имате референдум на кој ќе решите дали ќе се приклучите на меѓународната заедница и на НАТО. Граѓаните ја носат одлуката, ние сме подготвени да ве пречекаме како 30-та членка на Алијансата, рече генералниот секретар на НАТО, Столтенберг.
-
Македонија 06.09.2018 14:09
Метео: Сончево со мала облачност
Сончевото време со мала облачност и со умерен ветер од северозападен правец во поголем дел од Македонија продолжува и утре.
Попладне се можни услови за краткотраен дожд во источните делови особено на планинските предели.
-
Македонија 06.09.2018 13:03
Генералниот секретар на НАТО на средби со државниот врв
Набиена агенда на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Скопје. Во секој момент се очекува да пристигне во Клубот на пратеници, каде ќе разговара со премиерот Зоран Заев.







