Со 68 гласа „за“, без ниеден против и воздржан пратениците ја донесоа одлуката за распишување на референдум кој ќе биде од консултативен карактер.
-
Македонија 30.07.2018 18:29
-
Македонија 30.07.2018 16:02
Нема пропуст во лекувањето на четирите деца со дијабетес
Нема пропусти во начинот на кој биле лекувани четирите деца, кои со зголемено ниво на шеќер во крвта минатата недела беа хоспитализирани на Детската клиника. Здравствените инспектори направиле контроли на матичните лекари во Охрид, Гевгелија и во Свети Николе.
-
Македонија 30.07.2018 15:51
Заев со апел до опозицијата да ги повика граѓаните да излезат на референдум
Премиерот Заев со порака до опозицијата, побара да ја поддржи иницијативата и да ги повика граѓаните да излезат на референдумот. Рече дека станува збор за историска одлука со која се дефинира иднината на државата.
-
Македонија 30.07.2018 14:56
23 од 26 министри активно користат „Фесјбук“
23 од вкупно 26 министри активно користат „Фејсбук“, покажува спроведено истражување. Дел од нив се активни и на „Твитер“ и на „Инстаграм“.
-
Македонија 30.07.2018 14:42
Седницата за распишување на референдумот закажана за 15:30 часот
Во Собранието на Република Македонија е поднесена иницијативата за распишување референдум за името, потпишана од пратениците од владејачкото мнозинство- СДСМ, ДУИ и БЕСА.
-
Македонија 30.07.2018 14:39
ВМРО-ДПМНЕ не го прифати референдумското прашање
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека продолжува самоволието на парламентарното мнозинство и тоа за најважното прашање за државата, за референдумот за договорот со Грција.
-
Македонија 30.07.2018 14:25
Органско производство на 0,5% од обработливите површини, земјоделците бараат олеснувања
Само 0,5 проценти од земјоделските површини се засеани со органско производство. Новата европска регулатива предвидува до 2020-та година овој процент да се зголеми на 4 отсто. Ова подразбира во земјава да се поттикне интересот за органско производство.
-
Македонија 30.07.2018 13:40
Заев: Опозицијата да се вклучи и да ги повика граѓаните на референдум
Премиерот Зоран Заев повторно ја повика опозицијата да се вклучи и да ги повика граѓаните да излезат на референдумот. Од кумановско Черкези, премиерот повтори дека 30-ти септември е таргетираниот датум за одржување на референдумот.
-
Македонија 30.07.2018 13:17
Димитров и денеска не реферираше за надворешната политика
Седницата на собраниската Комисија за надворешна политика, на која министерот за надворешни работи Никола Димитров требаше да реферира за остварувањето на меѓународната политика, е презакажана за 1-ви август.
-
Македонија 30.07.2018 12:59
Метео: Променливо облачно, температура до 34 степени
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со умерен ветер од северен правец. Попладне и натаму се очекува појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи повеќе на планинските региони.










