„Решение што комплетно е спротивно на државните и националните интереси на Република Македонија“, заклучок од седницата на Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на партијата Мицкоски синоќа повтори дека нема да поддржат промена на Уставот со цел промена на уставното име.
-
Македонија 15.06.2018 10:25
-
Македонија 15.06.2018 10:21
Декласифициран договорот со Грција
Владата го разгледа и го усвои извештајот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство. Донесе одлука договорот да го декласифицира. Премиерот Заев истакнал дека со овој договор се отвора иднината на земјата.
-
Македонија 15.06.2018 10:16
Продолжуваат протестите против договорот со Грција
Пред Собранието и синоќа протест на здруженија на граѓани поради договорот меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот за името. Побараа да запрат активностите за промена на името и оценија дека договорот е штетен за државата.
-
Македонија 15.06.2018 10:11
Муслиманите го слават Рамазан Бајрам
Муслиманите во земјава и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, денеска во сите џамии се служи утрински Бајрам- намаз.
-
Македонија 12.06.2018 19:48
Постигнат договор за името со Грција, заштитени македонскиот јазик и народ
Постигнато решение на деценискиот спор што Грција го има со уставното име на Македонија. Република Северна Македонија е решението, новото име за севкупна употреба кое ќе се прецизира со амандман во Уставот, соопшти премиерот Зоран Заев на прес- конференција
-
Македонија 12.06.2018 10:42
Иванов: Потребен е широк национален консензус за достоинствено решение
Кабинетот на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, оценува дека вчерашната изјава на претседателот на Владата Зоран Заев, дадена во емисијата „Топ тема“, дека евентуалното отфрлање на договорот со Грција ќе ги загрози перспективите на Република Македонија за влез во ЕУ и НАТО и зго
-
Македонија 05.06.2018 15:41
Филипче: Централизирана набавка на реагенси во корист на граѓаните
Граѓаните и натаму ќе даваат крв за проверка на местата каде што и досега се тестирале, но примероците со посебни возила ќе се транспортираат до осум централизирани лаборатории. Резултатите по електронски пат ќе се внесуваат во систем во кој ќе имаат увид лекарите.
-
Македонија 05.06.2018 15:40
Коцијанчич: Ги поддржуваме тековните напори под покровителство на Обединетите нации
Позицијата на Европската унија за прашањето за името е јасна – го поддржуваме форматот на процесот што се води под покривителство на Обединетите нации, изјави денеска портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.
-
Македонија 05.06.2018 15:28
Метео: Променливо време, температура до 32 степени
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно и на повеќе места нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи.
Кон крајот на денот ќе настапи стабилизирање на атмосферата. Максималната температура ќе достигне до 32 степена.
-
Македонија 05.06.2018 15:21
Прибе: Владеењето на правото е императив за реформите во Македонија
Владеењето на правото е императив за реформите во Македонија, оценува германскиот експерт Рајнхард Прибе кој ја предводенеше петчлената група на Европската унија, задолжена за системски прашања. Тој се надева дека земјава ќе направи исчекор во евроинтеграцискиот процес.









