Откако е СДСМ на власт, граѓаните се повеќе осиромашуваат. Заев се богати, го купи струмички „Герас Цунев“, а неговите камиони превезуваат руда за РЕК Битола, тврдат во ВМРО- ДПМНЕ.
-
Македонија 04.06.2018 13:14
-
Македонија 04.06.2018 13:11
Средба Османи- Могерини в четврток во Брисел
На 7-ми овој месец средба на вицепремиерот за европски прашања Османи со шефицата на европската дипломатија и одбрана Могерини.
Овој состанок следува по средбата на еврокомесарите во европската престолнина што претходи на Самитот на Европскиот совет на 28-ми јуни.
-
Македонија 04.06.2018 12:57
Полицијата во тетовско Ларце затрела лице барано со потерница
МВР изутрината се обидело да упаси осуденик во тетовското село Ларце, за кој постоеле меѓународна и целтрални потерници, за отслужување на затвроска казна во траење од речеси 27 години.
-
Македонија 04.06.2018 10:53
Објавен конкурс за упис на студенти на универзитетот „Свети Климент Охридски“
Објавен конкурсот за упис на студенти на битолскиот универзитет „Свети Климент Охридски“. Во новата академска година ќе може да се запишат 3.635 бруцоши, од нив 2.005 редовни, со државна квота, 1.015 со партиципација и 615 вонредни студенти.
-
Македонија 04.06.2018 10:30
Град ги уништи овошките во Радовиш
Град со големина на лешник вчера попладне паѓаше во Радовишко. Уништени се посевите и овошките во овој регион.
Во Катлановско исто така имаше порој и врнежи од град во текот на ноќта. Повеќе информации очекуваме од надлежните во текот на денот.
-
Македонија 04.06.2018 08:35
Сончево и топло, попладне локален дожд и грмежи
Претпладне времето ќе биде сончево и топло, а од пладне ќе се зголемува облачноста и ќе има локален пороен дожд и услови за појава на грмежи особено на северот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
-
Македонија 04.06.2018 08:32
Слаб земјотрес почувствуван синоќа во Скопје
Земјотрес со Рихтерова магнитуда од 2,8 степени е регистриран синоќа во 21 часот и 29 минути во скопскиот регион. Епицентарот на земјотресот бил на 6 километри источно од Скопје на длабочина од еден километар.
-
Македонија 04.06.2018 08:23
Продолжува судењето за случајот „Тарифа“
Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за случајот „Тарифа“ на СЈО, во кој обвинети се поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ Дејан Бошковски и уште други две лица.
-
Македонија 04.06.2018 08:22
Седници на три собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за труд и социјална политика, за образование, наука и спорт и за транспорт, врски и екологија.
-
Македонија 01.06.2018 15:48
Претседателот Иванов бара национален консензус за името
Претседателот Иванов го побара од премиерот нацрт договорот со соседна Грција околу името, предлогот за водење на преговорите со уставна основа, како и ставовите на делегацијата во водењето на преговорите.










