Германската канцеларка Ангела Меркел вчера телефонски разговарала со македонскиот и со грчкиот премиер, Заев и Ципрас, информираат од прес- службата на Меркел. Од Берлин само потврда за разговорот, но не и за темите и за деталите.
-
Македонија 22.05.2018 14:11
-
Македонија 22.05.2018 13:31
Џафери во официјална посета на Србија
Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери од утре до 24-ти мај 2018-та година, ќе биде во официјална посета на Република Србија.
-
Македонија 22.05.2018 13:26
Ѓоко Поповски доби 9 години затвор за случајот „Триста“
Поранешниот помошник- министер за внатрешни работи, Ѓоко Поповски за злоупотреба на службена должност во врска со јавната набавка на 300 возила за потребите на министерстовото доби 9 години затвор. Пресудата за случајот „Триста“ предмалку беше соопштена во Кривичниот суд во Скопје.
-
Македонија 22.05.2018 12:28
Димитров побара „мудрост и нерви“ пред средбата во Њујорк
„Пуштајте ми ве молам мудрост и нерви“, напиша шефот на македонската дипломатија Димитров пред да отпатува за Њујорк. На својот Фејсбук профил побара поддршка за престојните разговори, кадешто на иста маса ќе седне со неговиот грчки колега Коѕијас и медијаторот Метју Нимиц.
-
Македонија 22.05.2018 12:19
Утре во 20 часот на МРТ1, ТВ дуел Заев- Мицкоски
По 20 години- соочување. Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, седнуваат еден наспроти друг.
-
Македонија 22.05.2018 11:55
Инспекторатот дозволи бањско лекување во Катлановска бања
Државниот санитарен и здравствен инспекторат иницира усогласување на стандардите за згрижување на пациентите во Катлановска бања, како и во сите други бањи во државата.
-
Македонија 22.05.2018 10:47
ВМРО-ДПМНЕ: Законите не важат за криминалниот картел на СДСМ
Пресудата за ослободување на Зоран Заев од секаква вина за случајот „Поткуп“ е црн ден за македонското судство. Таа покажа дека законите не важат за криминалниот картел на СДСМ, а нивните функционери слободно може да бараат поткуп и да тонат во корупција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 22.05.2018 10:41
Надзорна расправа за природното и културното наследство на Охрид
Во Собранието надзорна расправа за природното и културното наследство на Охрид и охридскиот регион. Прва во овој пратенички состав. Таа е на иницијатива на владејачкото мнозинство, но е поддржана и од пратениците од опозицијата. Поканети триесетина сведоци, сегашни и поранешни раководни лица.
-
Македонија 22.05.2018 10:16
Оризовите ниви се напуштаат
Една третина од нивите или околу илјада хектари во Кочанско годинава ќе останат необработени и непосеани со ориз, велат земјоделците.
-
Македонија 22.05.2018 10:12
Денеска пресуда за „Триста“, утре за „Тенк“
Напладне ќе биде објавена пресудата за предметот „Триста“ во кој е обвинет поранешниот помошник- министер за внатрешни работи, Ѓоко Поповски за набавка на 300 возила.










