На средбата меѓу премиерите на Народна Република Кина и на Република Македонија, Кечијанг и Груевски, потврдени одличните политички и економски односи меѓу двете земји.
-
Македонија 26.11.2015 14:49
-
Македонија 26.11.2015 14:40
За прв пат стентирање на периферни крвни садови на Битолската клиничка болница
Во одделот за интервентно инвазивна кардиологија при Битолската клиничка болница за прв пат е извршено стентирање на периферните крвни садови на нога.
-
Македонија 26.11.2015 14:13
„Деното на дрвото“ - 2 Декември неработен ден
Втори декември (среда) е неработен ден поради спроведување на акцијата „Ден на дрвото-Засади ја својата иднина“, информира денеска Министерството за труд и социјална политика.
-
Македонија 26.11.2015 13:50
Царина: 2,7 килограми златен накит и монети откриени во турски автобус
При контрола на турски автобус извршена во близина на наплатната станица кај Велес, мобилен царински тим откри бункер полн со златен накит и монети.
-
Македонија 26.11.2015 13:42
Министерот Цветков очекува целосно искористување на ИПАРД 2 програмата
Во Македонија- сѐ поголем интересот за средства за аграрот од ИПАРД програмата. ИПАРД 2 Програмата од која Македонија може да повлече вкупно 60 милиони евра треба да стартува до средината на 2016 година, веднаш по реализацијата на ИПАРД 1.
-
Македонија 26.11.2015 13:21
Соработка меѓу армиите на Македонија и Косово
Како соседни земји треба уште повеќе да ја продлабочиме соработката на сите полиња во областа на одбрана. Треба да споделуваме информации и да разменуваме искуства за трансформација на одбранбениот и безбедносниот систем.
-
Македонија 26.11.2015 13:16
Бесплатни проекти за изградба на куќи
Бесплатните проекти за изградба на типски куќи може да се подигнат од министерството за транспорт или од нивната веб страна. Достапни се за сите заинтересирани. Нема ограничување на локацијата за градба.
-
Македонија 26.11.2015 12:14
Заврши драмата во ОУ „11-ти Октомври“
Заврши драмата во основното училиште „11-ти Октомври“ во скопската општина Центар. Легитимен е потписот е Васко Лазаревски, додека досегашната директорка Даниела Костадиновска се враќа во основното училиште „Рајко Жинзифов“ од каде претходно дошла на функцијата директор во „11-ти Октомври“.
-
Македонија 26.11.2015 12:09
Кривична пријава за двајца стружани за кражба на дрва
Двајца жители на струшкото село Шум заработија кривична пријави. Се сомничат за кривично дело „кражба на дрва“. Изминативе два месеца против правно исекле 42 просторни метра необележани дрва во шумскиот реон 46-А, над селото Вишни.
-
Македонија 26.11.2015 11:30
Специјалното Јавно Обвинителство изготви план за динамика на барање на предметите
Од Јавното обвинителство за гонење кривична дела, поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, велат дека ја направиле анализата на доставените податоци од Јавното обвинителство и направиле план за работење на предметите.