• Македонија 17.05.2018 08:02

    Средба Заев- Ципрас во Софија

    Македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас, денеска во Софија ќе ја имаат својата втора тет-а-тет средба. Новата средба меѓу двајцата премиери ќе се одржи на маргините на самитот ЕУ- Западен Балкан, на кој ќе се расправа за европерспективите на земјите од регионот.

  • Македонија 16.05.2018 16:39

    Почна судењето за случајот „Монструм“

    Бегалецот од правдата, Африм Исмаиловиќ престојува во Приштина. Ова го потврди неговиот брат Агим на судењето за случајот „Монструм“. Рече дека преку Вибер разговарал со него, но и дека косовската полиција ја знае неговата адреса. На ова реагираше одбраната.

  • Македонија 16.05.2018 16:16

    МТВ ги покани на ТВ- дуел Заев и Мицкоски

    Македонската телевизија ги покани на ТВ- дуел претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

    Во поканата се наведува дека прашањата би биле за теми поврзани со актуелната политичко-економска состојба во земјава.

  • Македонија 16.05.2018 15:14

    Потребни се измени во Законот за сурогат мајчинство

    Македонија има либерален закон за сурогат мајчинство, но сепак, се потребни измени. Според професорот од Правниот факултет, Дејан Мицковиќ, некои членови се спорни, а дискриминирачки е тоа што договор за сурогат мајчинство може да склучат само брачни парови.

  • Македонија 16.05.2018 14:24

    Сретен Давидов- најдобар млад научник за 2017 година

    Сретен Давидов твори на полето на електротехниката. Придонесува кон решение за еден од најгорливите проблеми на нашиот град- аерозагадувањето. Креативното решение на д-р Давидов се електричните возила. Вели дека како инженер верува во третиот Њутнов закон.

  • Македонија 16.05.2018 14:15

    МАНУ: Македонскиот јазик да се евидентира како што е запишан во ОН

    Македонскиот јазик мора да се евидентира како што е запишан во Обединетите нации, тоа е став на МАНУ, изјави првиот човек на академијата, Таки Фити за време на меѓународната научна манифестација- „Македонистички денови во МАНУ“.

  • Македонија 16.05.2018 14:10

    Метео: Сончево со умерена облачност, температура до 28 степени

    Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец.

  • Македонија 16.05.2018 13:42

    Заев прифати ТВ дуел со Мицкоски

    Прифаќам тет-а-тет средба со премиерот Заев, но не во неговиот удобен кабинет, туку на телевизиски дуел да ги соочиме аргументите пред граѓаните, не само за разговорите за името, туку и за други прашања. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ја фрли ракавицата кон политичкиот противник.

  • Македонија 16.05.2018 13:29

    Судењето за „Монструм“ почна од почеток

    Во Кривичниот суд денеска почна рочиштето за случајот „Монструм“, за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12-ти април 2012-та година. Судењето за „Монструм“ почнува од почеток бидејќи предметот го презеде Специјалното јавно обвинителство.

  • Македонија 16.05.2018 13:27

    Матурска парада на 18-ти мај

    В петок точно напладне на Плоштад „Македонија“ ќе се одржи 12-та матурска парада. Годинава под отворено небо ќе танцуваат и матурантите од Струга, Охрид, Струмица, Гевгелија и од Куманово.

Pages