Македонија и Бугарија сакаат мир на Балканот и добри соседски односи, изјавија министерите за одбрана, Радмила Шекеринска и Красимир Каракачанов по средбата во Софија во знак на подобрените односи меѓу двете земји.
-
Македонија 04.05.2018 12:58
-
Македонија 04.05.2018 12:50
Димитров: Ја делиме истата судбина со ЕУ, но сѐ уште не сме на масата
Не разговаравме за името вчеравечер бидејќи бевме повеќе министри, изјави шефот на грчката дипломатија Коѕијас пред средбата на министрите за надворешни работи на Грција, Македонија, Албанија и Бугарија во Солун.
-
Македонија 04.05.2018 12:29
Обвинета во случајот „ТНТ“ претепана во Катланово за 1-ви мај
Марика Зафироска која е обвинета во случајот за уривањето на комплексот Космос била претепана на 1-ви мај и поради лекување не дојде на рочиштето.
-
Македонија 04.05.2018 12:27
Заев денеска нема да сведочи на рочиштето за Села, се гледаат видео снимките од инцидентот
Премиерот Зоран Заев денеска нема да сведочи во процесот во кој им се суди на десетмина за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села. Заев го информирал судот дека е спречен да дојде на рочиштето поради работни обврски.
-
Македонија 04.05.2018 11:26
Хан: Изјавата за решение на спорот за две недели беше погрешно пренесена
Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, порача дека неговата изјава дека спорот за името може да се реши за две недели била погрешно разбрана.
-
Македонија 04.05.2018 10:38
Сто и петнаесет години од загинувањето на Гоце Делчев
Денеска се одбележуваат 115 години од смртта на револуционерот Гоце Делчев, кој на денешен ден во 1903-та година беше убиен од турската војска во село Баница, на пат кон Сер.
-
Македонија 04.05.2018 10:34
Седници на три собраниски комисии
Во Собранието за денеска се најавени седници на три парламентарни комисии. На дневен ред на Комисијата за економски прашања е јавната расправа по предлогот на Закон за енергетика.
-
Македонија 04.05.2018 10:32
Ново рочиште за случајот „ТНТ“
Во Кривичниот суд денеска судење за предметот „ТНТ“, за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски.
-
Македонија 04.05.2018 10:22
Во Солун средба Димитров- Коѕијас, нова можност за приближување на ставовите
Нова средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Димитров и Коѕијас во Солун. Двајцата министри учествуваат на четирипартитниот состанок на кој се и нивните колеги од Бугарија и од Албанија, Захариева и Бушати. Во фокусот- европската иднина на Западен Балкан.
-
Македонија 04.05.2018 08:38
Шекеринска во Софија на средба со Каракачанов
Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска денеска ќе престојува во Софија каде што ќе има средба со бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов и ќе учествува на меѓународната конференција „Кон нов одбранбен идентитет на ЕУ“.










