Полицискиот врв и семејствата на загинатите припадници на македонските полициски сили го одбележан 7-ми мај, Денот на македонската полиција. Во кругот на МВР им одадоа почит на загинатите полицајци и положија цвеќе на спомениците подигнати во нивна чест.
-
Македонија 07.05.2018 12:33
-
Македонија 07.05.2018 12:20
Костовски: Законот за јазиците сѐ уште не е пристигнат во „Службен весник“
Законот за употреба на јазиците сѐ уште не е пристигнат во „Службен весник“, изјави денеска директорот на ЈП „Службен весник“, Мартин Костовски.
-
Македонија 07.05.2018 11:40
Триесет и шест годишно лице се фрлило од 11-ти кат
Трисет и шестгодишниот Т.Ј. од Скопје вчера скокнал од тераса од 11-ти кат, по што починал. Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера изутрина во 05.25 часот.
Доктор од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен е увид на местото на настанот.
-
Македонија 07.05.2018 11:24
Судењето за „Тортура“ одложено за 13-ти јуни
Поради отсуство на третообвинетиот Новица Станковски, рочиштето за предметот на СЈО „Тортура“ е одложено за 13-ти јуни. Одбраната достави медицинска документација, за која тврди дека го оправдува неговото отсуство од денешното рочиште.
-
Македонија 07.05.2018 11:17
Охридско Езеро- 22 сантиметра над дозволениот максимум
Нивото на Охридско Езеро е 22 сантиметра над дозволениот максимален водостој, додека Дојранското Езеро бележи зголемување за два сантиметра.
-
Македонија 07.05.2018 11:00
Невреме и пороен дожд низ Македонија
Скопскиот и други региони низ земјава вчеравечер ги зафати невреме, со интензивен дожд и грмотевици. Во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје беа пристигнати дојави за поплавени објекти во Црешево и во Стајковци.
-
Македонија 07.05.2018 10:57
Шаќири времено ангажиран како надворешен соработник за борба против радикализмот
Џезаир Шаќири е времено ангажиран како надворешен соработник во Кабинетот на премиерот Зоран Заев за внатрешната безбедност и борба против радикализмот- соопшти владината прес-служба.
Оттаму наведуваат дека Шаќири има времен договор од една година и месечна плата од 36 илјади денари.
-
Македонија 07.05.2018 10:52
Иванов од Радев побара поддршка за интеграциите
Продлабочување на одличните билатерални односи преку јакнење на политичкиот дијалог и поддршка за интегративните процеси на Македонија- ова е договорено на средбата меѓу претседателот Иванов и неговиот бугарски колега Радев, што вчера се одржа во Дојран.
-
Македонија 07.05.2018 10:46
Средба Иванов- Заев за избор на нов гувернер на НБРМ
Денеска треба да се одржи втора средба меѓу претседателот Иванов и премиерот Заев за изборот на гувернерот на Народна банка на Република Македонија, чиј мандат истекува на 21-ви мај.
-
Македонија 04.05.2018 16:50
Средба Димитров- Коѕијас, најтешки прашања промената на Уставот и опсегот на употреба
Не е до нас да носиме решение туку до нашите премиери, а новата средба со Нимиц ќе ја имаме на 12-ти мај во Грција. Вложивме многу напори и сега треба да се има политичка волја за да се дојде до решение.










