Утре во главниот град на Aвстрија се одржува средбата на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција со посредникот на Обединетите нации за разликата на името, Метју Нимиц.
-
Македонија 29.03.2018 10:22
-
Македонија 29.03.2018 09:49
Рочишта за „Трезор“, „Тарифа“ и „Труст“ во Кривичен суд
Рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство- „Трезор“, „Тарифа“ и „Труст“, се закажани за денеска во Кривичниот суд.
-
Македонија 29.03.2018 09:37
Свлечиште на патот Гостивар- Кичево кај Тајмиште
На магистралниот пат Гостивар-Кичево по планинскиот премин Стража кај селото Тајмиште има свлечиште поради што сообраќајот се одвива наизменично по една сообраќајна лента, само за лесни возила.
-
Македонија 28.03.2018 15:51
Стипендии за најдобрите студенти од ФЕИТ
За најдобрите студенти е поттик и мотивација да го дадат својот максимум и да продолжат да работат на себе и да се надоградуваат. Ова е велат, признание за вложениот труд и за напорната работа. Трите најголеми енергетски компании ЕВН, ЕЛЕМ и МЕПСО доделија стипендии.
-
Македонија 28.03.2018 15:31
На патот кон ЕУ, Македонија да се фокусира на реформите
Македонското законодавство е најмногу усогласено со европското, но недостига спроведување на законите. Затоа на патот кон Европската унија, Македонија треба најмногу да се фокусира на реформите во судството и јавната администрација- истражување на Институтот за европска политика.
-
Македонија 28.03.2018 15:04
Повторно приведени петмина за собраниските настани
По еден ден дома, петтемина обвинети за собраниските настани од 27-ми април, повторно уапсени и пренесени во Истражниот затвор во Шуто Оризари. Одреден им е 30- дневен притвор.
-
Македонија 28.03.2018 14:44
Метео: Сончево и потопло
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и потопло време со мала облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Минималната температура на повеќе места ќе се спушти под нулата, а максималната дневна ќе достигне до 21 степен.
-
Македонија 28.03.2018 14:27
Работа за 958 административци вработени по Рамковен
Државните службеници кои беа вработени според Рамковниот договор, а седеа дома и земаа плата, конечно ќе тргнат на работа. Процесот за распределба е почнат, формирани се работни групи за спроведување на систематизација со која се опфатени 958 лица.
-
Македонија 28.03.2018 14:20
Засега нема најава за контрамерки од Москва
Владата засега нема никаков одговор дали Москва ќе воведе некакви мерки како одговор на одлуката да биде протеран руски дипломат, вели владиниот гласноговорник Бошњаковски. Повтори дека е постапено според домашната легислатива, но и според меѓународни конвенции.
-
Македонија 28.03.2018 14:13
Жбогар: Дискусиите за името се интензивираат, добро е што постои посветеност за изнаоѓање решение
Постои посветеност во изнаоѓањето решение и дискусиите се интензивираат, изјави денеска евроамбасадорот Жбогар при посетата на Прилеп, одговарајќи на прашањето како ги оценува последните средби и разговори меѓу Македонија и Грција околу прашањето за името.










