Потребен е независен и ефикасен механизам за контрола на работата на полицијата, вели државниот секретар во МВР. Тврди- изминатите години биле изместени многу етички и морални вредности на полицајците. За првпат, МВР се откажува од дел од своите надлежности.
-
Македонија 29.03.2018 16:16
-
Македонија 29.03.2018 15:59
Мемети: Селективната правда е сè поприсутна
Нема подобрување во заштитата на човековите права, оцени народниот правобранител Иџет Мемети. Вели, граѓаните освен за проблемот со партизираната и непрофесионална јавна админстрација на централно и на локално ниво, најмногу се жалат дека селективната правда е сè поприсутна.
-
Македонија 29.03.2018 15:52
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ остави пустош во инфраструктурата
Социјалдемократите со контраобвинување кон ВМРО-ДПМНЕ. Велат дека оставиле пустош во инфраструктурата, а поради криминални интереси и пропусти при изведба на автопатите, државниот буџет бил оштетен за стотина милиони евра.
-
Македонија 29.03.2018 14:59
Шчербак: Москва соодветно ќе возврати на одлуката на македонските власти
Протерувањето на рускиот дипломат од Македонија, Москва го смета за избрзан и непријателски преседан донесен под влијание од странство, изјави амбасадорот Шчербак.
-
Македонија 29.03.2018 14:47
Се намалуваат цените на лековите
Антибиотици, медикаменти за третман на висок крвен притисок, шеќер во крвта, астма, депресија, епилепсија, канцер- до 50 проценти од лековите на позитивната листа од први април ќе се купуваат по намалена цена. Заштедата се проценува на повеќе од 2.300.000 евра.
-
Македонија 29.03.2018 14:22
Владата останува на ставот за независност на судските одлуки
Владата останува на ставот дека судските одлуки се независни. Премиерот Заев рече дека е најважно тие да се транспарентни и јасни, одговарајќи на пратеничкото прашање на Фадил Зендели од БЕСА за случајот со малиот Алмир, кој праша и дали вештакот имал валидна лиценца.
-
Македонија 29.03.2018 12:54
Со работна вечера во Виена, Димитров и Коѕијас ја почнуваат новата рунда разговори за името
Вечер во Виена, со работната вечера на Димитров и Коѕијас почнува новата рунда разговори, а утре во главниот град на Австрија се одржува средбата на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција со посредникот на Обединетите нации за разликата на името, Метју Нимиц.
-
Македонија 29.03.2018 12:51
Филипче: Од први април пониски цени на лековите
Од први април се намалуваат цените на лековите. Од 40 до 50 отсто од лековите граѓаните ги плаќаат по пониска цена. Според министерот Филипче, опфатени се сите групи на лекови од позитивната листа. Заштедата се проценува на повеќе од 2.300.000 евра.
-
Македонија 29.03.2018 12:45
Шчербак: Протерувањето е непријателски чин, Москва ќе возврати соодветно
Москва ќе возврати соодветно на одлуката на македонските власти за протерување на дипломат од земјава. Русија е постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации- изјави рускиот амбасадор во земјава Олег Шчербак на прес- конференцијата за потезите на владата по случајот „Скрипал“.
-
Македонија 29.03.2018 12:31
Џафери: Се анализираат неколку опции за Законот за употреба на јазиците да профункционира
Нема да се потпишам во нечие друго име на Законот за јазиците за тој да профунционира. Спикерот на Собранието, Талат Џафери вели дека не се оптоварува временски кога Законот ќе профунционира, бидејќи немало потреба од дополнителни тензии.










