До крајот на неделава времето во Македонија ќе биде променливо облачно со локални поројни врнежи од дожд проследени со грмежи, особено во попладневните часови. Во текот на утрешниот ден ќе има повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, особено попладне.
-
Македонија 18.06.2018 14:59
-
Македонија 18.06.2018 14:56
Владата го усвои предлог- законот за ратификација на Договорот со Грција, на потег е Собранието
Владата го усвои предлог- законот за ратификација на договорот со Грција. На потег е Собранието.Треба да следи усвојување. ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека нема да даде поддршка на договорот затоа што смета дека е капитулантски.
-
Македонија 18.06.2018 14:11
Коцијанчич: Македонија засега останува ПЈРМ за ЕУ
Портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчич, прецизираше дека сѐ додека не е целосно имплементиран договорот постигнат помеѓу Грција и Македонија за спорот со името, Европската унија ќе продолжи да ја нарекува земјата според привременото име.
-
Македонија 18.06.2018 13:23
СДСМ ги осудува вчерашните насилства пред Собранието
Владејачката СДСМ ги осудува вчерашните насилства пред собранието, нападите од насобраната толпа врз новинарите, снимателите и полицајците кои се обидуваа да спречат насилен упад во Собранието.
-
Македонија 18.06.2018 13:19
Договорот со Грција го помина првиот филтер
Владата го усвои предлог- законот за ратификација на Договорот со Грција. Документот ќе биде доставен до Собранието со што започнува постапката за негова ратификација и усвојување.
-
Македонија 18.06.2018 13:10
Повредени и уапсени по протестите пред Собранието
Во протестите пред Законодавниот дом, осум полицајци и четворица цивили, меѓу кои еден новинар, биле повредени и донесени во клиничкиот Ургентен центар. Имале посекотини и удари по главата и телото од тврди предмети. Десетмина од нив биле задржани на Клиниката за пластична хирургија.
-
Македонија 18.06.2018 12:41
Различни ставови во МАНУ за договорот со Грција
Академик Катица Ќулавкова е воздржана во оценувањето на договорот со Грција. Ја поддржува идејата за затворање на деценскиот спор, но смета дека договорот е рестриктивен во однос на Македонија. Според неа, вклученоста на МАНУ во овој процес е задоцнета.
-
Македонија 18.06.2018 11:48
Опожарено возилото на пратеникот Хари Локвенец
Возилото „Мини Купер“ на пратеникот на СДСМ Хари Локвенец синоќа околу 23 часот било опожарено од непознати сторители.
-
Македонија 18.06.2018 11:45
Владата го испраќа Договорот со Грција на ратификација во Собранието
Владата на Република Македонија на денешната 74-та седница го разгледа и усвои Предлог- законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликата како што е опишана во резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации 817 (1993) и 845 (1993), престанување на Времената спогодб
-
Македонија 18.06.2018 11:04
Захариева: Македонија заслужува јасна европска перспектива
Македонија заслужува да ѝ се даде јасна европска перспектива, изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева.










