Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, денеска во Брисел ќе учествува на форумот ЦЕПС Идеас Лаб 2018-та, што го организира Центарот за европски политички студии.
-
Македонија 23.02.2018 09:28
-
Македонија 23.02.2018 09:07
Јункер в недела во Македонија на средби со државниот врв
Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер својата балканска турнеја ќе ја започне в недела на 25-ти февруари со посета на Македонија, во рамки на која до 1-ви март ќе ги посети сите шест земји од Западниот Балкан.
-
Македонија 22.02.2018 16:23
Лавров: Ширењето на НАТО кон Македонија е конфронтација
Вториот ден од посетата на Белград, рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров имаше средба со српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ. На пресс конференција тој состојбата во Европа ја оцени како лоша, а за регионот и ширењето на НАТО кон Македонија го оцени како конфротирачки.
-
Македонија 22.02.2018 16:13
Училиштето- клучна институција за унапредување на медиумската писменост
Потребна е итна едукација за медиумска писменост во образовниот систем. Пристапот до илјадници ресурси на интернет носи нови ризици, затоа е потребна едукација за препознавање и справување со манипулациите и лажните вести.
-
Македонија 22.02.2018 16:07
Во скопска Апелација јавни седници по жалби на осомничени за собраниските настани
80 дена колку што сум во притвор трае мојата агонија. Здравјето ми е нарушено. Барам да ме пуштите да си одам дома за да закрепнам- изјави пратеникот Крсто Мукоски пред советот на Апелацискиот суд кој одлучува по неговата жалба за притворот.
-
Македонија 22.02.2018 15:56
Дел од партиите барат промена на изборниот модел и начинот на финансирање
Промена на изборниот модел, на системот за финансирање и регистрацијата, ова се само дел од забелешките што политичките партии ги нотираа како предуслов за подобар изборен процес и демократија. Парламентарните и вонпарламентарните партии на трибината ги соочија ставовите.
-
Македонија 22.02.2018 15:50
Шекеринска: Македонија покажа европско однесување на Балканот
По грчкото вето во 2008-та за членството во НАТО, земјата стана пофрустрирана, поизолирана, а во политиката се пополни празнината со многу работи вклучувајќи и национализмот.
-
Македонија 22.02.2018 15:42
Отстранет споменикот на Ќосето, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за вандализам
Споменикот на Андон Лазов Јанев- Ќосето повеќе не е исправен пред комплексот судови. Остранет е во текот на ноќта откако инвеститорот, Град Скопје добил информација од Општина Центар дека обележјето претставува дивоградба.
-
Македонија 22.02.2018 15:00
Пратенички прашања во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ не присустува
Велешкото Јавно обвинителство води постапка против конкретен сторител за случајот со штитеничката на домот „25 Мај“. Во скопското, нема кривични пријави, вели државниот обвинител Јовески.
-
Македонија 22.02.2018 14:27
Иницијатива за единство и заложби на Ромите
Мултиетничко општество на еднакви граѓани и еднакви заедници, праведна, целосна и правична застапеност на ромската заедница, согласно со Охридскиот рамковен договор, постигнување на еднаквост при употреба на мајчиниот јазик, како и мултикултурно образование се барањата на Ромите.









