На патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато изутрина од 8:35 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила, соопшти Диспечерскиот информативен центар на ЈП „Македонија пат“.
-
Македонија 15.02.2018 09:12
-
Македонија 14.02.2018 16:41
Метео: Прменливо облачно, снежни врнежи во југозападните делови
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време. На места особено во југозападните делови се очекуваат снежни врнежи со слаб до умерен интензитет особено претпладне.
Попладне облачноста ќе се намали а ќе дува и слаб северен ветер.
-
Македонија 14.02.2018 16:33
Закроена виновата лоза- надеж за плодна година и добро вино
Македонските лозари го прославија празникот Свети Трифун. Ден кога се закројуваат лозите и се пие вино. Празникот на лозарите е празник на верба во плоден род и добро вино. Традиционално и годинава претседателот Иванов симболично закрои винова лоза и упати желби за родна година.
-
Македонија 14.02.2018 16:09
Заев: Три точки со Грција се затворени, достоинството и идентитетот се многу важни
Достоинството и идентитетот се многу важни. Од седум позиции на почетокот, сега разговорите за името со грчката страна се намалени на четири- изјави премирот Зоран Заев. Не прецизираше кои три поглавја од полесните се затворени со Грција.
-
Македонија 14.02.2018 15:56
Свети Валентин- светла точка за заљубените и трговците
Ако е во виното вистината, во љубовта е иднината. Рози, плишани мечиња, долна облека, романтични вечери, чоколади... се дел од подароците кои младите си ги подаруваат на Денот на вљубените. Има и такви што не го прифаќаат, сметајќи го за помодарство наметнато од запад.
-
Македонија 14.02.2018 15:40
Прилеп подготвен за меѓународниот карневал „Прочка 2018“
Околу 1.000 маскирани, од земјава и странство ќе бидат дел од 17-тото издание на прилепскиот меѓународен карневал „Прочка 2018“. В недела, во центарот на градот ќе дефилираат поединечни и групни современи и традиционални маски.
-
Македонија 14.02.2018 15:35
Недостига кадар на детската клиника
Продолжени им се договорите за работа на 20 медицински сестри на детската клиника. Тие и претходно работеле на одделите, а до крајот на неделава се очекува одобрение за ангажирање на уште 20. Кадарот во оваа установа е значително намален, вели директорката Ставриќ.
-
Македонија 14.02.2018 15:19
Цветковски: Заокружување на процесите за модернизација и развој на МРТ
Директорот на Македонската Радио- телевизија, Марјан Цветковски во писмена изјава се заблагодарува за укажаната доверба и можноста и во идниот период да управува и да ги заокружи процесите кои ќе значат модернизација, професионализација, финансиска консолидација и создавање услови за дополнителен
-
Македонија 14.02.2018 13:43
Рочиште за случајот „Траекторија“ во Кривичен суд
Уште едно рочиште за случајот „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство. Одбраната во Кривичниот суд побара одложување на судењето, поради недобивање на записникот од 31-ви јануари.
-
Македонија 14.02.2018 13:36
Клиниката за детски болести доби апарат за полесно ноѓање вени кај мали деца
Апарат за полесно наоѓање вени кај мали деца е подарен на универзитетската Клиника за детски болести. Ова е прв ваков апарат во оваа здравствена установа и ќе им биде од голема корист на сестрите во амбулантите каде од децата се земаат анализи за лабораториски испитувања.










