Почна неколкудневната посета на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на регионот. Тој во Словенија веќе се сретна со лидерот на словенечката опозиција Јанша со кого разговарале за соработката, политичката состојба и за членството во ЕУ и во НАТО.
-
Македонија 12.02.2018 12:51
-
Македонија 12.02.2018 12:45
Средба Заев- Јилдирим, унапредување на билатералната соработка
Премиерот Зоран Заев ја почна официјалната работна посета на Турција со средбата со неговиот домаќин во Анкара- премиерот Јилдирим. Договори во областа на енергетиката, одбраната, туризмот, зголемување на севкупната економска соработка, но и во спречувањето на тероризмот.
-
Македонија 12.02.2018 12:39
Грчката противпожарна служба објави видео од операцијата за извлекување на телата на починатите планинари
Грчката противпожарна служба објави видео од операцијата за извлекување на телата на починатите планинари Калина Велевска и Александар Миновски.
-
Македонија 12.02.2018 10:53
Зголемени водостоите на дел од реките
Зголемени се водостоите на Вардар, Треска, Пчиња и Сатеска во однос на февруарскиот просек, покажуваат најновите хидролошки мерења.
Незначително под февруарскиот просек се нивоата на Крива Река, Црна Река и Црн Дрим, а на исто ниво е Брегалница.
-
Македонија 12.02.2018 10:52
Се утврдува причината за пожарот во Охрид во кој почина едно лице
По пријава од сосед за пожар на булевар „Туристичка“ во Охрид, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид излезе на увид на лице место заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи.
-
Македонија 12.02.2018 10:28
Донесена програмата за субвенционирање на рибарството
Со 1,5 милиони евра и во 2018-та година ќе се финансира порибувањето на езерата и реките и изградбата и реконструкцијата на рибниците.
Исто така субвенции ќе има и за пилот проектите и за развој на нови пазари.
-
Македонија 12.02.2018 10:21
Судењето за „Монструм“ почнува од почеток
Судењето за случајот „Монструм“, почнува повторно од почеток. Откако Врховниот суд утврди серија пропусти при водењето на постапките, укинати им се доживотните казни затвор на Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири.
-
Македонија 12.02.2018 08:35
Заев во Анкара на среби со Ердоган и Јилдирим
Премиерот Зоран Заев во рамки на официјалната посета на Република Турција денеска ќе има средба со премиерот Бинали Јилдирим.
-
Македонија 07.02.2018 17:27
Кабинет на Иванов: Претседателот не е информиран за каков било постигнат договор меѓу Заев и Ципрас
Претседателот Ѓорге Иванов не е информиран за каков било постигнат договор меѓу македонскиот и грчкиот премиер од нивната средба во Давос, на кој договор се темелат јавните изјави на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, информираат од Кабинетот на Иванов.
-
Македонија 07.02.2018 17:03
Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија- Европска унија
Со воведниот збор на копретседателите во Стразбур започна 14-от состанок на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ- Република Македонија.








