Возачите во Македонија возат брзо и под дејство на алкохол. Во полициските билтени овие два прекршока се најчести. При една полициска акција во Скопје 40 проценти од возачите пиеле пред да седнат зад воланот. Контролите и казните треба да ја подигнат сообраќајната безбедност и култура.
-
Македонија 05.02.2018 16:01
-
Македонија 05.02.2018 15:56
Метео: Нови врнежи од дожд се очекуваат во среда
Утре во Македонија се очекува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Можна е појава на слаби локални врнежи од дожд особено во југоисточните делови.
-
Македонија 05.02.2018 15:55
Одблокирана постапката за полагање лекторски испит
Наместо електронски, пред комисија- по четири години застој, се одблокира постапката за полагање лекторски испит. Од Министерството за култура велат дека постапката била оневозможена по измените на законот во 2013-та година, кога се вовело компјутерско полагање за лекторска лиценца.
-
Македонија 05.02.2018 15:51
МАНУ и БАН ќе помагаат за реализација на Договорот за добрососедство
Прва средба меѓу Македонската и Бугарската Академија на науките по ратификацијата на Договорот за добрососедство. Претседателите Таки Фити и Јулијан Ревалски велат дека се подготвени со целата своја експертиза да им помогнат на Владите на Македонија и Бугарија да ги реализираат зацртаните цели.
-
Македонија 05.02.2018 15:34
ЗОИ 2018 во Пјонгчанг и ЛОИ 2020 во Токио ексклузивно на МРТ
Македонската Радио Телевизија со гордост информира дека на нејзините програми ексклузивно ќе ги емитува настаните од 23-те Зимски Олимписки игри во Пјонгчанг, коишто ќе се одржат од 9-ти до 25-ти февруари оваа година.
-
Македонија 05.02.2018 15:10
Судењето за „Трезор“ одложено за 29-ти март
Судењето за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Трезор“ за набавка на опрема за шпионирање во кој првообвинет е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, е одложено за 29-ти март.
-
Македонија 05.02.2018 14:56
Заев од 12-ти февруари во официјална посета на Турција
Премиерот Зоран Заев од 12-ти февруари ќе престојува во официјална посета на Република Турција.
-
Македонија 05.02.2018 14:52
По поплавите во Демирхисарско се санираат локалните патишта и свлечишта
Во Демихисарскиот регион полека се надминуват проблемите од вчерашната поплава предизвикана од прелевањето на Црна Река на некои места.
-
Македонија 05.02.2018 14:18
Бутарис: Грција нема ексклузивно право на „Македонија“
Грција нема ексклузивно право на Македонија, исто така и на терминот, вели солунскиот градоначалник Јанис Бутарис, коментирајќи го вчерашниот протест во Атина.
-
Македонија 05.02.2018 14:15
Ципрас и Каменос со различни ставови
Грчката влада нема намера да ја менува надворешната политика. Таа не се води со митинзи. Владиниот план останува во сила, изјави претставник на владата на Ципрас, веднаш по вчерашниот протест во Атина.










